Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шест ученици наградени за најдобри есеи на конкурсот за македонскиот јазик
Македонија

Шест ученици наградени за најдобри есеи на конкурсот за македонскиот јазик

16/07/2025

AA

Шест основци и средношколци победија со своите есеи во исто толку категории во
рамки на конкурсот по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот
стандарден јазик. Конкурсот го објави Министерството за образование и наука на 5
мај, кога и се одбележува Денот на македонскиот јазик и на истиот пристигнаа над 320
апликации од ученици од четврто одделение во основното образование до четврта
година во средното образование.

Победниците на конкурсот, денеска во МОН остварија средба со министерката за
образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска која им додели пригодни подароци.

„Јазикот е душата и идентитетот на еден народ, симбол на индивидуалноста и
уникатноста. Оттука, исклучително важно е да го почитуваме и да продолжиме да се
грижиме за развојот на македонскиот, но и на сите други јазици на кои говорат
граѓаните на Македонија. Ви честитам на заложбата, на вложениот труд и ви
посакувам во иднина уште многу успеси и победи“, рече министерката Јаневска,
изразувајќи задоволство што младите сакаат да творат и да учествуваат на натпревари.

Учениците од четврто до шесто одделение, се натпреваруваа на тема „Мојот
македонски јазик е како виножито, полн со бои и зборови“, а првото место го освои
Лука Стојановиќ од ОУ„Видое Подгорец“ с.Колешино, Ново Село. Учениците од
седмо до деветто одделение пишуваа на тема „Мојот македонски јазик- мој идентитет,
културно наследство и аманет“ и првото место и’ припадна на ученичката Ива
Јосифовска од ОУ„Гоце Делчев“- Прилеп, додека на истата тема, помеѓу учениците од
прва до четврта година средно образование, првонаграденa е ученичката Тијана
Атанасова од СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.

Ученичката Рига Куртај од ОУ„ 25 Мај“- Гази Баба е победник во категоријата на
ученици од четврто до шесто одделение кои учат на наставен јазик различен од
македонскиот јазик, а се натпреваруваа на тема „Македонскиот и мојот мајчин јазик се
пријатели“.

Учениците од седмо до деветто одделение кои учат на наставен јазик различен од
македонскиот јазик пишуваа на тема „Македонскиот јазик и мојот мајчин јазик се
богатство кое не тежи, туку возвишува“, а најдобар е есејот на ученичката Ерина
Бајрами од ОУ„ Наим Фрашери“ – Куманово. Додека на истата тема, меѓу учениците од
прва до четврта година од средните училишта кои учат на наставен јазик различен од
македонскиот, првонаграден е есејот на ученикот Аљдин Мурати од ДУРДМОВ
„Димитар Влахов“- Кисела Вода, напишан на брајово писмо.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy