Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шекеринска: Немам никаква поврзаност, ниту сум интервенирала за возачот кој ја усмрти Фросина!
Македонија

Шекеринска: Немам никаква поврзаност, ниту сум интервенирала за возачот кој ја усмрти Фросина!

02/02/2025

AA

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, реагираше на објавите во кои се тврди дека таа интервенирала за пуштањето на возачот Васил Јованов, кој е осомничен за убиството на Фросина Кулакова, додека Обвинителството го истражувало за дрога.

„Длабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова. Од почит кон нивната болка и загуба не сакав јавно да реагирам, но гледам дека некои нелуѓе и криминални структури продолжуваат да лажат и да ловат во матно дури и при вакви лични, семејни и општествени трагедии и на необјаснив начин да ме ставаат во контекст на сообраќајката во која е убиена Фросина Кулакова.

Најдиректно сакам да ги демантирам СИТЕ такви наводи – тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои НИКАКВА ОСНОВА.

Одговорно тврдам дека со НИТУ ЕДНО од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети. Со ниту едно! Дополнително, сите што ме познаваат го знаат мојот став за овие прашања. Како и сите вие, и јас се плашам кога мои блиски ја поминуваат ,,Партизанска” (особено кај ,,Силбо”). Како многумина од вас, и јас сум реагирала на беснеењето на возачите што мислат дека правилата не важат за нив и дека нашите улици се писта за нивните комплекси и покажување ,,сила”. И никогаш, ама буквално НИКОГАШ не сум се јавила на НИКОЈ за да побарам ургенција за каква било сообраќајна грешка. НИКОГАШ! Некои пријатели ми замериле поради тоа (што не сум “им завршила работа”), но сум стоела зад мојот став, бидејќи искрено верувам дека неказнивоста води кон повторување на делата, а тоа значи само чекор до трагедија.

НИКОГАШ за НИКОГО не сум се јавила за да побарам ваква ургенција и затоа бев шокирана кога видов дека некој почнал да шири вакви обвинувања за мене без НИКАКВА причина, ниту доказ. Неточни се, но и нелогични бидејќи во годината во која биле носени тие судски одлуки, јас не сум имала никаква функција ниту позиција на моќ од која би можела да вршам такво влијание.
За жал, очигледно е дека некои структури можат да продуцираат и најнелогични и целосно исконструирани лаги – доволно им е да имаат интерес и наредбодавател.

Токму поради трагедијата и потребата сите ИНВОЛВИРАНИ да одговараат – се надевам дека ширењето невистини и обвинувања без основа нема да бидат искористени за да се кријат ВИСТИНСКИТЕ сторители и соучесници“, вели Шекеринска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
Македонија

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45411
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и токсичниот сунѓер во кочанската дискотека

02/09/2026

Во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште, одбраната вкрстено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy