Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шекеринска: Без дијалог Белград–Приштина, нема напредок кон НАТО за Косово
Македонија

Шекеринска: Без дијалог Белград–Приштина, нема напредок кон НАТО за Косово

26/06/2025

AA

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во интервју за „КиМ радио“ изјави дека напредокот на Косово кон НАТО и евроатлантските интеграции е невозможен без конкретен напредок во дијалогот со Србија.

Поради променетата безбедносна слика во светот, враќањето на војната на европскиот континент и растечките геополитички тензии, Западниот Балкан повторно е во фокусот на Алијансата. И покрај шпекулациите за можно „забрзано членство“ на Косово, Шекеринска е децидна:

„Само нормализацијата на односите меѓу двете страни може да ја отвори вратата за понатамошна интеграција и постабилна иднина“, порача таа.

Според неа, присуството на КФОР и понатаму има силна поддршка од сојузниците, но таа предупредува дека НАТО очекува јасни и конкретни резултати од политичките актери на теренот.

„Нашето присуство во КФОР е значајна инвестиција, но сојузниците очекуваат напредок. Затоа дијалогот меѓу Белград и Приштина останува клучен“, нагласи Шекеринска, потсетувајќи дека ова е најдолгата активна мисија на НАТО и дека игра клучна улога во зачувувањето на мирот, не само на Косово, туку и пошироко во регионот.

Сепак, додава таа, воено присуство не може да го замени политичкиот компромис.

„Доаѓам од земја која речиси 30 години се обидуваше да стане членка на НАТО. За да го надминеме застојот со Грција, моравме да донесеме тешки, но одржливи политички одлуки. Истото го порачувам и на моите соговорници во Приштина“, рече Шекеринска, наведувајќи го примерот со решавањето на спорот за името на Македонија.

Во однос на безбедносните предизвици, Шекеринска оцени дека соработката меѓу српските вооружени сили и КФОР е отворена и професионална, но изрази загриженост поради инцидентите од 2023 година.

„Бевме сериозно загрижени за насилството и затоа очекуваме поголема одговорност, особено од властите во Белград. Ниеден сојузник не сака неговите трупи да бидат загрозени“, порача високата функционерка на НАТО, најавувајќи продолжена комуникација со властите во Приштина и Белград.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy