Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Северна Македонија, домаќин на јубилејниот 20-ти Министерски состанок на САД – Јадранската повелба
Македонија

Северна Македонија, домаќин на јубилејниот 20-ти Министерски состанок на САД – Јадранската повелба

15/11/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со помошничката на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни работи, Селест Валандер, повеќе колеги министри за одбрана и високи претставници од земјите членки на САД- Јадранската повелба и земјите – набљудувачи, утре во Скопје на јубилејниот 20-ти Министерски состанок ќе разговараат на повеќе актуелни теми од областа на одбраната, како јакнењето на регионалната соработка преку засилен одбранбен дијалог помеѓу државите во регионот, заедничкиот придонес на земјите од А5 во мировни мисии и операции на НАТО, како и организирањето на заеднички вежби и обуки.

Меѓу другото, министрите се очекува да се согласат реализацијата на повеќегодишните проекти на Иницијативата да биде предводена од три држави, односно актуелниот претседавач, заедно со претходниот и идниот претседавач на оваа Иницијатива, со што значително ќе се зголеми ефикасноста во реализацијата на проектите во рамките на А5 Иницијативата.

На состанокот освен министерката Петровска како предводник на македонската делегација и помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер, ќе учествуваат и министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, министерот за одбрана на Црна Гора, Драган Краповиќ, заменикот-министер за одбрана на Босна и Херцеговина, Славен Галиќ, раководителот за меѓународна безбедносна и одбранбена соработка во хрватското Министерство за одбрана, Игор Габриќ, додека од земјите набљудувачи на состанокот ќе учествуваат министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, државниот секретар во Министерство за одбрана на Србија, Немања Старовиќ и заменик-генералниот директор во Министерство за одбрана на Словенија, Аљоша Селан.

САД – Јадранската повелба е основана на 2 мај 2003 година во Тирана како Иницијатива за соработка во одбраната во А-3 контекст (Албанија, Хрватска, Северна Македонија). За време на македонското претседавање со Јадранската повелба, на маргините на 63-то Генерално Собрание на ОН, одржано на 25 септември 2008 година во Њујорк беше донесена одлука за упатување покана за членство на Црна Гора и Босна и Херцеговина во Јадранската група, како поттик за нивното забрзано движење по патот на евроатлантските интеграции.

Јадранската повелба е базирана на заедничката визија за стабилност во Југоисточна Европа и полноправно членство во евроатлантските интеграции. Албанија и Хрватска во 2008 година, Црна Гора во 2017 година и Северна Македонија во 2020 година, како резултат и напорите за развој и достигнување на НАТО стандардите, станаа рамноправни членки на НАТО Алијансата.

Во 2023 година со А-5 Иницијативата претседава Република Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy