
Серијата на Атлетико заврши на Канарските острови (ВИДЕО)
Со тоа, мадридскиот тим ја прекина серијата од шест победи во домашното првенство и го доживеа вториот пораз во сезоната, по оној од Валенсија кон средината на септември. Од друга страна, Лас Палмас продолжи со одличните резултати и ја оствари чевртата победа во последните пет кола.
По мирното прво полувреме, сите три гола на мечт беа постигнати во вториот дел. Лас Палмас дојде во водство преку Киријан во 51. минута, Рамирез во 75. го однесе домаќинот на 2-0, а Мората во финишот ја намали негативата на Атлетико. Сепак, во последните минути гостите не успеаја да дојдат барем до бод на овој меч.
