Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Септември, октомври и пролетните месеци и донесоа на Грција рекордни годишни приходи од туризам
Економија

Септември, октомври и пролетните месеци и донесоа на Грција рекордни годишни приходи од туризам

25/12/2024

AA

Министерката за туризам на Грција, Олга Кефалојани, во интервју за Атинско-македонската новинска агенција изрази уверување дека се очекува приходите од туризмот да надминат 20 милијарди евра во 2024 година.

Таа посочува дека севкупно за 2024 година грчкиот туризам не само што ја задржал својата динамика, туку и дополнително зајакнал, постигнувајќи историски високи перформанси во првите пет месеци од годината, како и во септември и октомври. „Очекуваме 2024 година да се затвори како нова рекордна година за грчкиот туризам“, подвлекува Кефалојани. За 2025 година таа посочува дека првите сигнали се позитивни.

Во однос на новиот предлог-закон на Министерството за туризам и основните прописи за краткорочно изнајмување вклучени во него, таа нагласи дека за првпат се воспоставува рамка на минимални оперативни и безбедносни стандарди. Таа се осврна и на системот за класификација на хотелите врз основа на нивните еколошки перформанси, истакнувајќи дека предлог-законот воспоставува глобално иновативен систем за класификација за основното туристичко сместување.

За 9,2 проценти е поголем бројот на туристи што ја посетиле Грција во периодот од јануари до октомври годинава, споредбено со лани, а приходите се зголемиле за 5,5 отсто, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција.

За десет месеци, Грција ја посетиле 33,8 милиони туристи. Оваа година, во конкретниот период имало речиси три милиони повеќе туристи или зголемување за 9,2 проценти споредбено со лани, а пораст има и на бројот на посетители од земјите на ЕУ (за 10,7 отсто) и од земјите вон Унијата (за 7 проценти). 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАУТРО ЗИМА, ПРЕКУ ДЕН ПРОЛЕТ Следува стабилно и сончево време

24/02/2026
Македонија

Петровска: Проруските структури во Македонија вршеа хибридни напади за да

24/02/2026
Македонија

Полициска акција во Валандовско: Запленет еден тон марихуана!

24/02/2026
Македонија

Груби го чува полиција во куќен притвор, се проценило дека

24/02/2026
Македонија

СТРАВ ВЛАДЕЕ ВО СЕЛАТА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ Поради серискиот убиец

24/02/2026
Македонија

Малолетници тепале врсник и го снимале со телефон во Карпош

24/02/2026
Македонија

Кошаркарски спектакл во „Градски парк“: Македонија против Луксембург в петок!

24/02/2026
Македонија

Приватните превозници стабилизирани: Надминати техничките проблеми, парите исплатени!

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41883
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАУТРО ЗИМА, ПРЕКУ ДЕН ПРОЛЕТ Следува стабилно и сончево време

24/02/2026

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен,

Петровска: Проруските структури во Македонија вршеа хибридни напади за да ја обесхрабрат поддршката за Украина

24/02/2026

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во гостување на 4TV.mk се осврна на нападите со кои се соочуваше одбранбениот систем

Полициска акција во Валандовско: Запленет еден тон марихуана!

24/02/2026

Голема полициска операција е спроведена во складиштето на фирмата „Грин лајф“ во селото Јосифово, каде е запленет еден тон марихуана,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy