
Сензација на Вимблдон: Британски анонимус го шокира Руд!
Од почетокот на натпреварот Британецот му создаде проблеми на четвртиот тенисер во светот, откако направи еден брејк повеќе од Руд и го доби сетот со 6-4.
Руд заигра подобро во продолжение од мечот и со 6-3 и 6-4 ги доби следните два сета, но потоа следеше распад во неговата игра и тоа го искористи британскиот тенисер кој со 6-3 и 6-0 го доби натпреварот.
Противник на Броди во третото коло ќе биде Денис Шаповалов.
