
Семејство од Штип пола саат заглавено во лифт на +40 степени
Семејството останало заглавено во лифт во зграда на улица „Генерал Михајло Апостолски“ 25 во Штип, јавува Mnet.mk
Станува збор за шестчлено семејство со три малолетни деца меѓу кои и тримесечно бебе.
Во лифтот останале заглавени половина час, при што реагирале екипи на ТППЕ Штип и семејството е спасено.
