Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Селата Слупчане и Оризари се уште без струја, не ги пуштиле екипите на ЕВН да работат!
Македонија

Селата Слупчане и Оризари се уште без струја, не ги пуштиле екипите на ЕВН да работат!

27/07/2023

AA

Селата Слупчане и Оризари во општина Липково се уште се без напојување со електрична енергија, соопштија денеска од ЕВН. Од компанијата велат дека се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Како што велат, екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти при што е нормализирано снабдувањето со електрична енергија на селата Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

–Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави без струја селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села. Дефектот на граничниот премин Табановце беше саниран вчера за кратко време, велат од компанијата.

Вчера жителите на Слупчане го блокираа патот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на мрежата.

ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село во кое тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата, изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи. Според податоците на компанијата загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам

05/02/2026
Македонија

МВР санкционираше 101 возач поради незаконско затемнување на стаклата

05/02/2026
Македонија

Сообраќајка на три возила во Охрид – двајца од возачите

05/02/2026
Македонија

ПОЧУВСТВУВАНИ ДВА ЗЕМЈОТРЕСА ВО ОХРИД И ВО БИТОЛА Епицентрите биле

05/02/2026
Македонија

ПОПУЛИЗАМ ИЛИ ГРИЖА ЗА РАБОТНИЦИТЕ? Петрушевски со остри критики кон

05/02/2026
Македонија

ВРНЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Утре дожд и снег низ

05/02/2026
Македонија

ОДЗЕМА МВР ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛСТВО, КОНФИСКУВА СУД СО ПРЕСУДА

05/02/2026
Македонија

Втор земјотрес почувствуван во Македонија

04/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41053
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот

05/02/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека нема да дозволи нови вработувања во градската администрација, нагласувајќи дека ниту еден

МВР санкционираше 101 возач поради незаконско затемнување на стаклата

05/02/2026

Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата

Сообраќајка на три возила во Охрид – двајца од возачите возеле со забрана, полицијата им

05/02/2026

На 04.02.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy