Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сексуалните работнички добија правда во Стразбур: Македонија треба да им исплати 13.300 евра поради нехуман третман
Македонија

Сексуалните работнички добија правда во Стразбур: Македонија треба да им исплати 13.300 евра поради нехуман третман

26/09/2023

AA

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда Д.Х. и други против Северна Македонија бр. 44033/17 со која утврди дека државата ги изложила сексуалните работници на нехуман и понижувачки третман додека биле лишени од слобода во полициска станица, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет. Исто така, Судот утврди повреда на правото на приватност поради објавата на фотографии од жртвите на веб страна на Министерството за внатрешни работи без да биде прикриен нивниот идентитет и ја задолжи државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови.

Во ноември 2008 година, Министерството за внатрешни работи со спектакуларна полициска акција наречена ,,Сузбивање на улична проституција,, приведе 23 сексуални работници, активистка на здружение на граѓани и неколку случајни минувачи кои беа затекнати покрај кејот на реката Вардар. Од сите приведени, 23- сексуални работници без да бидат информирани за причините за лишување од слобода, беа задржани цела ноќ во полициската станица Бит Пазар, а утредента беа однесени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде беа тестирани за крвно и сексуално преносливи болести, па беа пуштени на слобода.

За цело време додека беа лишени од слобода, на сексуалните работници од страна на полициските службеници им беа упатувани погрдни зборови и беа изложени на понижување и исмевање. Сите 23 приведени сексуални работници, ноќта ја поминаа во мала просторија, без пристап до храна, вода и тоалет, а дел од нив биле во апстиненцијални кризи со дијареја и повраќање.

По само неколку месеци од настанот, со поддршка на Здружението ХОПС, 13 сексуални работници поднесоа тужба за заштита на нивните лични права пред граѓанскиот суд во Скопје кој во два наврати утврди повреда на правата и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Кривичниот суд Скопје да ја надоместат штетата за извршените повреди. Откако Апелациониот суд конечно ја преиначи пресудата, четири од жртвите борбата ја продолжија пред Европскиот суд за човекови права.

Оваа пресуда, иако со задоцнување, е потврда дека државата има обврска да ги почитува правата на сите и со темелна и ефикасна истрага да ги испита наводите за нехумано и деградирачко постапување, особено кога истите доаѓаат од ранлива група на граѓани. Како што утврдил и ЕСЧП, жртвите лишени од слобода, во ситуација која единствено е под контрола на властите е одговорност на Државата, а според ЕСЧП Владата не презентирала доволно докази кои убедливо докажуваат дека полициските власти ги земале предвид основните потреби на апликантите, вклучувајќи го и обезбедувањето храна, вода и пристап до тоалет за време на престојот во полициската станица. Дополнително, објавување на фотографии од полициската станица од кои може да се утврди идентитетот на жртвите на веб страна на Министерството за внатрешни работи претставува повреда на правот на приватен живот.

Поради ова, ги повикуваме надлежните институции навремено да ја спроведат одлуката на Европскиот суд за човекови права, да ги заштитат правата на сите жртви на полициската акција од 2008 година и да преземат мерки во иднина институциите, особено Министерството за внатрешни работи, да се воздржи од дејствија со кои ги повредуваат правата на сексуалните работници, како и мерки за ефикасна заштита на нивните права од страна на надлежните судови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАПАДНАТИ ДВАЈЦА ПОЖАРНИКАРИ ВО КУМАНОВО Приведени двајца мажи, градоначалникот бара

12/02/2026
Македонија

Истепани пожарникари во Куманово, уапсени две лица – се бара

12/02/2026
Македонија

Кумановци вработени во Ирак и Авганистан повторно на протест пред

12/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ УЧИ ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ОД МАЛИ НОЗЕ Новина во

12/02/2026
Македонија

Кривични пријави за поранешен директор на „Водовод“ Кочани и тројца

12/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетничка фатена зад волан

12/02/2026
Македонија

Директорот на ЈП Водовод – Струга поднесе оставка – пет

12/02/2026
Македонија

Филков му возврати на Касами: „Кога ќе бидеш премиер, тогаш

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41383
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАПАДНАТИ ДВАЈЦА ПОЖАРНИКАРИ ВО КУМАНОВО Приведени двајца мажи, градоначалникот бара одговорност

12/02/2026

Двајца 32-годишни кумановци се приведени откако физички нападнале пожарникари пред зградата на Територијалната противпожарна единица во Куманово. Инцидентот се случил

Истепани пожарникари во Куманово, уапсени две лица – се бара итна одговорност!

12/02/2026

Тројца пожарникари од Куманово биле физички нападнати во кругот на Територијалната противпожарна единица, соопштија денеска од Синдикатот на пожарникарите на

Кумановци вработени во Ирак и Авганистан повторно на протест пред УЈП – формирано и здружение

12/02/2026

Група граѓани од Куманово, кои биле ангажирани во американските бази во Ирак и Авганистан, денеска одржаа нов протест пред регионалното

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy