СЕКОЈ ЖИТЕЛ ЌЕ ДОБИЕ ПО 450 ЕВРА: Парите од нафтата Гвајана ги дели на граѓаните
Парите од нафтата Гвајана ги дели на граѓаните и секој ќе добие по 450 евра.
Ричард Рамбаран, истакнат економист и извршен директор на Стопанската комора на Џорџтаун, ја опишува паричната помош како „многу корисна“ за Гвајана, и покрај загриженоста за потенцијалното влијание врз инфлацијата.
Без разлика дали живеат во земјата или во странство, сите лица над 18 години ќе добијат по околу 450 евра, односно грант од 100 илјади гвајански долари, а тие што се во странство ќе мора да се вратат во земјата за да си ги подигнат парите. За да се добие помошта треба да се приложи само валиден пасош или лична карта.
Прво било планирано пари да добие секое домаќинство во земјата и тоа во висина од 200.000 гвајански долари, што е еднакво на околу 890 евра. Планот е сменет откако дел од жителите забележале дека така некои ќе бидат изоставени, вклучувајќи ги и младите луѓе кои не основале семејства, пишува „Гардијан“.