Се урнаа два авиона на индиските воздухопловни сили, еден пилот загина
Два авиона на индиското воено воздухопловство се урнаа денеска, при што загина еден пилот, објави Военото воздухопловство.
„Авионите биле на рутинска мисија за обука за летање. Еден од тројцата пилоти се здобил со фатални повреди. Наредена е истрага за да се открие причината за несреќата”, се вели во соопштението на воздухопловните сили.
Несреќата се случила во близина на градот Гвалиор во државата Мадја Прадеш, додаваат тие.
Официјални лица претходно соопштија дека едниот авион се урнал во Мадја Прадеш, а другиот во соседната држава Раџастан.
Воздухопловните сили не прецизираа за каков тип на авион се работи, но медиумите објавија дека станува збор за авиони Сухој-30 и Мираж 2000.