СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!
Српските медиуми
јавуваат дека се урнал
влезниот дел од Железничката станица во Нови сад. Новинарските екипи кои се на терен известуваат дека станува
збор за многу сериозен и трагичен инцидент и посочуваат дека на самиот влез од
Железничката станица веќе има голем број возила на итната медицинска помош,
пожарникари и полиција.
Се шпекулира дека
во трагичниот инцидент има голем број повредени луѓе, нема други детали, ниту
пак се посочуваат причините за уривањето на влезниот дел на железничката
станица во Нови Сад.
фото: Instagram