
Се судриле два велосипедисти во Прилеп, едниот тешко повреден
На 03.11.2023 во 15.10 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата од ул.„Кораб“ со ул.„Лазар Заменхов“ се случила сообраќајна несреќа меѓу два велосипеда, управувани од С.У.(25) и од Б.С.(49), двајцата од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.У., констатирани во Општата болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.