Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ВО „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА“: над 900 продукти од 15 декември ќе се продаваат по пониска цена
Економија

СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ВО „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА“: над 900 продукти од 15 декември ќе се продаваат по пониска цена

13/12/2024

AA

Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи.

Од 15 декември до 15 јануари граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудија, со пониски цени од најмалку 10 проценти.

Ова го сподели на социјалните мрежи Заменик министерот за економија Марјан Ристески.
– Сакам да се заблагодарам на сите компании кои се дел од оваа акција (производители, дистрибутери и маркети), кои излегоа во пресрет на повиците на јавноста и на дело ја покажуваат нивната општествена одговорност.
Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на info@mojakosnica.mk

Апелирам компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки истите да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната – посочува Ристески. 

Претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски рече дека бројот на производи опфатени со акцијата е зголемен од 600 на 800 и оти Државниот пазарен инспекторат ќе ја следи работата на маркетите. 

Мицкоски уверува дека најавеното намалување на цените на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“ ќе го заштити семејниот буџет.

– Очекувам позитивни ефекти и очекувам за празниците потрошувачката кошничка да биде што побогата, изјави Мицкоски, по поставувањето камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Кичево.

Во листата на новогодишната потрошувачка кошничка спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Изминатите денови пазарните инспектори ги мониторираа сегашните цени на производите коишто ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува заклучно со 15 јануари 2025 година. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy