Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ПРОДАДОА ПО 48 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „ГЕРАС ЦУНЕВ КОНФЕКЦИЈА“ И „ГЕРАС ЦУНЕВ ТРГОВИЈА“- што се случи со акциите на Трајче Заев?
Економија

СЕ ПРОДАДОА ПО 48 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „ГЕРАС ЦУНЕВ КОНФЕКЦИЈА“ И „ГЕРАС ЦУНЕВ ТРГОВИЈА“- што се случи со акциите на Трајче Заев?

20/10/2024

AA

Се продаде половина или конкретно 48 отсто од конфекцијата „Герас Цунев конфекција“ од Струмица, како и 48 проценти од „Герас Цунев Трговија“. 

Во петокот преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност поминаа две блок трансакции, во кои за однапред познат купувач се продадоа дури 48 отсто од акциите на „Герас Цунев Конфекција“, како и 48 отсто од капиталот на „герас Цунев Трговија“.

Со оглед што станува збор за две блок трансакции, не е познато дали како купувачи се јавуваат два субјекти, или, пак, може станува збор за еден инвеститор.

Конкретно, во петокот, во првиот блок беа продадени 32.860 акции на Герас Цунев конфекција, по цена од 300 денари за акција, или целата зделка е 160 илјади евра, како и 33.145 денари од Герас Цунев трговија, исто по цена од 300 денари за акција, со што оваа продажба вкупно тежи 162 илјади евра. 

Според последната состојба од ЦДХВ, во Герас Цунев конфекција имало четворица газди, со по околу една четвртина од акциите, и тоа ДГИ Тотал Инженеринг, со 24,97 отсто, потоа Снеѓана Јанева со 21,64 отсто, па ДПТУ Јавор Транс Струмица со 23,3 отсто, како и Трајче Заев со 22,25 отсто од акциите.

Во Герас Цунев Трговија, пак, се истите овие сопственици. 

Кој од нив ги продал своите акции, а кои се инвеститорите, ќе се знае можеби утре, кога ЦДХВ треба да објави ревидирање на сопственичката структура на двете компании.

И едната и другата компанија работеле со загуби во последните две години.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45191
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката Пука и Италијанецот Окипинти

22/08/2026

Охрид повторно беше домаќин на една од најзначајните пливачки манифестации во регионот – 39. Охридски пливачки маратон, на кој годинава

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот систем“

22/08/2026

Со тактичко-показна вежба, доделување признанија и презентација на специјализираната опрема, Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола го одбележа

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот во Струмица

22/08/2026

Голем пожар попладнево се прошири во атарите на селата Баница и Водоча и месноста Софилар, при што огнената линија стигна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy