Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се огласи министерката Божиновска: Повеќе немам бугарски пасош и затоа не го пријавив
Економија

Се огласи министерката Божиновска: Повеќе немам бугарски пасош и затоа не го пријавив

01/07/2024

AA

Министерката за енергетика Сања Божиновска се огласи во јавноста по веста дека поседувала бугарски пасош и државјанство. Таа соопшти дека тоа не го навела во официјалната биографија, затоа што повеќе ги нема овие документи.

-Поради транспарентноста за која сите се залагаме на почеток сакам да појаснам дека првиот пат кога добив прашање од новинарите беше дали поседувам бугарско државјанство. Мојот одговор беше не, бидејќи процедурата за отпуст од истото беше финализирана од моја страна, неколку месеци пред воопшто да добијам можност да бидам министерка во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тврди Божиновска.

Нејзиното барање за отпуст од бугарското државјанство било прифатено, објаснува министерката, а сите неопходни документи предвидени во постапката биле соодветно поднесени. Пасошот во меѓувреме и бил истечен, а своевремено го користела заради деловни активности на територијата на ЕУ.

-Дополнително, јас веќе ја информирав јавноста дека пасошот со кој располагав е со истечен рок на важност, а од моја страна никогаш не беше поднесено барање за негово продолжување. Ова говори повеќе од јасно за мојата одлучност да се откажам од бугарското државјанство, кое, како што посочив претходно, го поседував исклучиво заради моите деловни активности на територијата на ЕУ. Имајќи го сето ова предвид, јас навистина не би можела да наведам во биографијата дека поседувам бугарско државјанство и пасош, објаснува Божиновска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
Македонија

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата

22/08/2026
Македонија

17 пожари на отворен простор регистрирани до 13 часот, 11

22/08/2026
Македонија

Над 260 прекршоци во една вечер во Скопје, санкционирани 102

22/08/2026
Македонија

Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи

22/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ евидентирал над 310 илјади прекршоци, најголем дел за

22/08/2026
Македонија

Центарот за кризи со „важно соопштение“: Поради жештините возовите наместо

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45183
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026

Повеќе региони во земјава денеска се погодени од пожари на отворен простор, при што најмалку 20 пожари се регистрирани на

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати се искачи на пет

22/08/2026

Уште едно лице почина од западнонилска треска во земјава, со што бројот на смртни случаи од оваа инфекција се искачи

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата и потеклото на средствата на

22/08/2026

Министерството за финансии продолжува со спроведувањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со донесување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy