
Се обиделе да му ја земат чантата, па го прободеле со нож!
На 26.09.2023 во 20.34 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет бил донесен И.Ќ.(45) од Скопје.
Во службен разговор со полициски службеници, И.Ќ. пријавил дека околу 19.30 часот на подрачјето на Карпош едно лице се обидело да му ја одземе чантата, но откако не успеало го повредило со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
