Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се намалува бројот на советници во 14 општини!
Македонија

Се намалува бројот на советници во 14 општини!

22/08/2025

AA

Со 5 гласа за и 1 против Државната изборна комисија го усвои Упатството за пополнување образец на листи за кандидати за членови на совети на општините и на Град Скопје. Единствено против ова упатство беше Дитмире Шеху членка од редовите на ДУИ,  која смета дека тоа не може да биде донесено врз основа на одлука на Владата со што во предвид се земаат само резидентните жители, а не и иселениците, поради кое се намалува бројот на советници во 14 општини. Шеху најави дека ова упатство ќе го оспори пред Управниот суд. 

„ Сега мене ми е малку чудно од каде секторот за правни работи на ДИК , зборот „жител„ го потенцира, и ми кажува мене тука дека е во согласност со законот со законот, каде основата за одредување на бројот на советници е „резидент„, и зборот „жител„ во законот за Локална Самоуправа подразбира жителите резидентни“, вели Дитмире Шеху.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко рече дека тие немаат ингеренции да навлегуваат во содржината на одлуката на Владата и немаат друга законска можност освен да постапуваат по неа.

„Не можеме ние да навлегуваме во Законот за попис во дефиниција на термините жител, резидент и така натаму, така што за сето тоа немаме никакво право да го толкуваме како Државната изборна комисија. За нас е релевантно дека, одлуката, каква е – таква е, таа е легитимна односно е во важност и е во правна сила и ние немаме друг акт и друго законско овластување врз основа на кое би постапувале при определувањето на бројот на советници во општините“, вели Борис Кондарко.

Инаку, ваквата одлука на Владата произлезе од пописот на население кое покажа намалување на бројот на жители, поради што согласно Законот за локална самоуправа  беше донесена одлука за намалување на бројот на советниците во одредени општини каде се покажа дека е тоа потребно. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три пожари и натаму активни, четири под контрола

26/08/2026
Македонија

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во

25/08/2026
Македонија

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри –

25/08/2026
Македонија

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат

25/08/2026
Македонија

По објавата на 4news.mk исчезна профилот на кој малолетници објавуваа

25/08/2026
Македонија

8 активни пожари низ Македонија

25/08/2026
Македонија

Тетовец пријавил дека му го застрелале бикот со воздушна пушка

25/08/2026
Македонија

Се трага по 17-годишно девојче од Желино: Се слушнала со

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45253
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три пожари и натаму активни, четири под контрола

26/08/2026

Три пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека четири се ставени под контрола, информира Центарот за

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре

25/08/2026

Пожарникарите од Кавадарци, поддржани од екипите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), продолжуваат со интензивните активности за целосно локализирање

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри – успехот го прослави со 11-месечното

25/08/2026

Македонската борачка Вероника Консевиќ оствари голем успех на Медитеранските игри, освојувајќи го бронзениот медал во категоријата слободен стил до 57

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy