Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ДОЗНА КОЈ Е КУПУВАЧОТ НА БЛИЗУ 23 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА ЗК „ПЕЛАГОНИЈА“ БИТОЛА – еве кој е новиот акционер на битолскиот комбинат
Економија

СЕ ДОЗНА КОЈ Е КУПУВАЧОТ НА БЛИЗУ 23 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА ЗК „ПЕЛАГОНИЈА“ БИТОЛА – еве кој е новиот акционер на битолскиот комбинат

23/09/2024

AA

Орка Холдинг е купувачот на 22,69 отсто од акциите на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, кои минатата недела преку блок трансакција ги продаде компанијата „Софија градба“. 

Тоа може да се види од  состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност, каде акционерот „Софија градба“, кој поседуваше 22,69 отсто од акциите, веќе го нема на листата на акционери кои поседуваат над 5 проценти од капиталот, додека, пак, на негово место е компанијата „Орка холдинг“, која сега е нов акционер и поседува точно 22,69 отсто од акциите на комбинатот.

Инаку, компанијата „Софија градба“ е компанија која е поврзана со „Орка холдинг“, и засега не може да се препознаат мотивите на оваа блок трансакцијса.

А, како што веќе пишуваше Фактор, пред околу една недела на Берзата се случи голема блок грансакција на 1,74 милиони евра, односно се продаде значајна количина на акции на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, и тоа 46.046 акции, по цена од 2.309 денари за акција.

Тогаш пишувавме дека ако се погледне вкупниот број акции издадени од ЗК Пелагонија Битола, излегува дека поминал пакет кој опфаќа 22,69 проценти од капиталот на овој земјоделски комбинат.

Тогаш не се знаеше кол ги продал а кој ги купил акциите, но денеска, бидејќи е понеделник, Централниот депозитар за хартии од вредност ги ревидираше сопственичките структури на компаниите, па се гледа кој всушност акционер исчерзнал, а кој е нов акционер во компанијата. 

А, да видиме кои се, покрај порано Софија Градба, а сега Орка Холдинг, другите акционери на ЗК Пелагонија Битола.

Втор по големина акционерво ЗК Пелагонија Битола е Златко Пирузе, кој има во своја сопственост 17,55 проценти, а по него следува Цветан Панделевски, кој располага со 14,59 отсто од акциите.

Друштвото Нова Агро инвест ДООЕЛ поседува 9,86 отсто од капиталот, а Дејан Панделески има 5,2 отсто од капиталот на оваа компанија.

Акции во ЗК Пелагонија Битола има и Снежана Георгиева, и тоа 5,19 проценти.

Инаку, цената по која биле продадени акциите во петокот е 2.319 денари, што е многу пониска цена од онаа по која со акциите на оваа компанија се тргува на редовниот пазар, а таа токму во петокот изнесувала 3.600 денари по акција.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јаневска: Земјоделското училиште во Битола остана со само три запишани

23/06/2026
Македонија

Мицкоски и Ѓорѓиевски се простуваат од градоначалникот на општина Брвеница,

23/06/2026
Македонија

Силно невреме во Неготино и Демир Капија, се движи кон

23/06/2026
Македонија

Заврши првата сезона од „Ноќно студио“

23/06/2026
Македонија

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

23/06/2026
Македонија

Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Повеќе пари за капитални

23/06/2026
Македонија

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме

23/06/2026
Македонија

Судот во Стразбур: Помилувањата на Иванов биле донесени без законска

23/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јаневска: Земјоделското училиште во Битола остана со само три запишани ученици, наставниците не покажале ажурност

23/06/2026

Само три ученици се запишале во првиот уписен рок во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола. Бидејќи овој број

Мицкоски и Ѓорѓиевски се простуваат од градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски

23/06/2026

Јавноста и политичката сцена во земјава се во шок по веста за ненадејната смрт на градоначалникот на општина Брвеница, Јовица

Силно невреме во Неготино и Демир Капија, се движи кон Струмица и Валандово

23/06/2026

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно предупредување за силно невреме кое зафати делови од Македонија, со тенденција на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy