Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ДОЗНА КОЈ Е КУПУВАЧОТ НА БЛИЗУ 23 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА ЗК „ПЕЛАГОНИЈА“ БИТОЛА – еве кој е новиот акционер на битолскиот комбинат
Економија

СЕ ДОЗНА КОЈ Е КУПУВАЧОТ НА БЛИЗУ 23 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА ЗК „ПЕЛАГОНИЈА“ БИТОЛА – еве кој е новиот акционер на битолскиот комбинат

23/09/2024

AA

Орка Холдинг е купувачот на 22,69 отсто од акциите на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, кои минатата недела преку блок трансакција ги продаде компанијата „Софија градба“. 

Тоа може да се види од  состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност, каде акционерот „Софија градба“, кој поседуваше 22,69 отсто од акциите, веќе го нема на листата на акционери кои поседуваат над 5 проценти од капиталот, додека, пак, на негово место е компанијата „Орка холдинг“, која сега е нов акционер и поседува точно 22,69 отсто од акциите на комбинатот.

Инаку, компанијата „Софија градба“ е компанија која е поврзана со „Орка холдинг“, и засега не може да се препознаат мотивите на оваа блок трансакцијса.

А, како што веќе пишуваше Фактор, пред околу една недела на Берзата се случи голема блок грансакција на 1,74 милиони евра, односно се продаде значајна количина на акции на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, и тоа 46.046 акции, по цена од 2.309 денари за акција.

Тогаш пишувавме дека ако се погледне вкупниот број акции издадени од ЗК Пелагонија Битола, излегува дека поминал пакет кој опфаќа 22,69 проценти од капиталот на овој земјоделски комбинат.

Тогаш не се знаеше кол ги продал а кој ги купил акциите, но денеска, бидејќи е понеделник, Централниот депозитар за хартии од вредност ги ревидираше сопственичките структури на компаниите, па се гледа кој всушност акционер исчерзнал, а кој е нов акционер во компанијата. 

А, да видиме кои се, покрај порано Софија Градба, а сега Орка Холдинг, другите акционери на ЗК Пелагонија Битола.

Втор по големина акционерво ЗК Пелагонија Битола е Златко Пирузе, кој има во своја сопственост 17,55 проценти, а по него следува Цветан Панделевски, кој располага со 14,59 отсто од акциите.

Друштвото Нова Агро инвест ДООЕЛ поседува 9,86 отсто од капиталот, а Дејан Панделески има 5,2 отсто од капиталот на оваа компанија.

Акции во ЗК Пелагонија Битола има и Снежана Георгиева, и тоа 5,19 проценти.

Инаку, цената по која биле продадени акциите во петокот е 2.319 денари, што е многу пониска цена од онаа по која со акциите на оваа компанија се тргува на редовниот пазар, а таа токму во петокот изнесувала 3.600 денари по акција.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ ПРИ ПРЕТРЕС ЗА ДРОГА Им

13/11/2026
Македонија

ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИМА ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ Мицкоски разговарал

13/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА НЕМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ВО ЕУ Од ВМРО-ДПМНЕ

13/11/2026
Македонија

СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени

12/11/2026
Македонија

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ

12/11/2026
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ

12/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување

12/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46754
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ ПРИ ПРЕТРЕС ЗА ДРОГА Им се заканувале по животот, па

13/11/2026

Двајца мажи со автомобил се обиделе да прегазат полициски службеници во гостиварското село Чегране, додека полицијата вршела претрес во домот

ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИМА ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ Мицкоски разговарал со раководството на Влен за

13/11/2026

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се разговарало за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на

АЛТА БАНКА НЕМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ВО ЕУ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немало основ да

13/11/2026

Документите и фактите јасно покажуваат дека СДСМ и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy