Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Во време на тага и болка граѓаните донираат, а Владата троши пари на себепромоција
Македонија

СДСМ: Во време на тага и болка граѓаните донираат, а Владата троши пари на себепромоција

28/03/2025

AA

Во време кога цела држава жали за загубата на 59 животи во Кочани, кога се собираат донации од граѓаните и фирмите за да им се помогне на семејствата на жртвите, Владата на Мицкоски и ДПМНЕ склучува договор вреден 400.000 евра за анкети, рече на денешната прес-конференција Кристина Костова – потпретседателка.

„Во време на тага и болка на народот, за власта биле најважни анкетите.

Toa што нема опрема за пожарникари, што нема доволно екипи не е приоритет, рејтинот на Мицкоски е приоритет.

Тендерот за испитување на јавното мислење кој тежи 400.000 евра го добива нивната омилена агенција Маркет Вижн.

Агенција која редовно спроведува анкети со кои убедува дека Мицкоски е најдобар политичар.

Граѓаните донираат, а Владата троши пари на себепромоција.

Додека работниците, лекарите и наставниците добиваат пониски плати од ветеното, додека пензионерите едвај врзуваат крај со крај, додека младите бегаат од државата – Владата има пари само за мерење популарност и политичка пропаганда.

Ова е бесчувствителност во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага за трагедијата. Ова е доказ дека за оваа Влада, приоритет не се луѓето, туку рејтингот.

Истата таа Влада вели дека нема пари за зголемување на плати, повисока финансиска поддршка за студентите, пари за субвенции на цените на струја и храна.

Власта нема пари за стипендија за младиот херој Јован, таа е обезбедена од приватници, ама има 400 илјади евра за анкети. Пари нема за ништо освен за рејтингот на Мицкоски.

Оваа набавка од 400.000 евра само потврдува дека се што ДПМНЕ објавува како наводен рејтинг е лажна слика, платена од граѓаните.

Целта е една – да се замајува јавноста.  Да се манипулира народот, со добро познатите режимски методи за создавање лажна, извитоперена слика за реалноста.

Ова е пример за погрешниот систем којшто мора да се промени“, вели Костова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy