Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Владата на ДПМНЕ има пари за авиони и привилегии за функционерите, но не и за зголемување на минималната плата
Економија

СДСМ: Владата на ДПМНЕ има пари за авиони и привилегии за функционерите, но не и за зголемување на минималната плата

05/03/2025

AA

Од СДСМ обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски има пари да рента авион до Будимпешта, а нема за минимална плата од 500 евра. 

Велат дека Мицкоски „ја прокоцкал и последна шанса да покаже минимална почит кон граѓаните и трудот на работниците кои живеат многу тешко и едвај врзуваат крај со крај“.

„Денеска и дефинитивно Мицкоски потврди дека е против зголемување на минималната плата за работниците и дека власта на ДПМНЕ нема да преземе ништо за да се покачат платите. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека илјадници работници живеат во сиромаштија, владата на ДПМНЕ има пари за авиони и привилегии за функционерите, но не и за зголемување на минималната плата. Денеска, Мицкоски дефинитивно потврди дека е против раст на платите и против достоинствен живот на работниците. Со тоа, уште еднаш покажа дека ДПМНЕ нема никаква намера да ги поддржи работниците, туку исклучиво да се грижи за елитата“, велат од СДСМ.

Обвинија дека додека економската состојба во државата драстично се влошува и животниот стандард паѓа, Мицкоски останува рамнодушен и мува не го лази. 

„Растот на минималната плата не е само економска неопходност, туку морална обврска! Покачувањето на платите е единствениот начин да се спречи понатамошното осиромашување на граѓаните и да се овозможи економски напредок“, пишува во соопштението.

Од партијата посочуваат дека „СДСМ стои на страна на граѓаните и на работниците“ и дека затоа ќе поднесе закон за зголемување на платите и минималната плата на 500 евра.

Власта го одби синдикалниот предлог за минималец од 500 евра. 

Велат дека субвенционирањето придонеси би го исцрпело буџетот и би ги намалило парите за инвестиции, за изградба на патишта, школи, градинки. Само ако работодавачите се согласни во целост да ги платат придонесите на 30.000 минимална плата, во тој случај за премиерот Христијан Мицкоски предлогот е прифатлив. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy