Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна!
Македонија

СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна!

16/07/2025

AA

Министерот Тошковски очигледно живее во паралелен свет кога вели дека Македонија денес е побезбедна од пред две години. Реалноста што граѓаните ја чувствуваат е дека за една година Македонија никогаш не била понебезбедна од сега – далеку сме од држава во која владее ред, правда и одговорност, како што сака да прикаже Тошковски, велат од СДСМ во сооштение до јавноста.

„Целосен распад се случува на безбедносниот апарат под водство на Тошковски. Ветуваше правда и безбедност, а сведоци сме дека државата наликува на јужноамериканско гето.

Секојдневно сме сведоци на насилство и убиства по улиците, пресметки на криминални групи и безредие . Нема ден а да нема убиство, тепачка, сообраќајка.

Преку 25 убиства и обиди за убиства има во една година, растот на криминалитетот е страшен. Граѓаните се плашат за својот живот ако шетаат по улица, за да не се случи пукање сред бел ден.

Само во Скопје, во последниве десетина месеци, на пешачки премини загинаа преку 11 луѓе. Еден човек загина под својот прозорец, во дворот, откако беше прегазен со мотор.

Косовската граница стана канал за бегство на криминалци, без никакви проверки.

На градоначалничката на Скопје ѝ се закануваат физички, пред очите на полицијата.

Министерот Тошковски велеше „брат да ми е ќе одговара“ – вистината е дека никој не одговара. Истрагите на полицијата потфрлаат, огромен број на нерасчистени убиства. Последното  во Батинци, повторно имаме убиец во бегство.

За ваква ли безбедност и ред зборува Тошковски, кога граѓаните не се чувствуваат безбедни ниту надвор, ниту дома.

Министерот Панче Тошковски ја изгуби контролата врз безбедноста – МВР се претвори во хаотична институција, неспособна да го заштити народот. И наместо да понесе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ги убеди граѓаните дека се безбедни“, се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy