Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Распад на енергетскиот систем!
Македонија

СДСМ: Распад на енергетскиот систем!

18/05/2025

AA

Од СДСМ обвинуваат за распад на системот по само нецела година од владеењето на “експертскиот“ тим на ВМРО-ДПМНЕ во секторот енергетика.

„Додека, Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, раскажува приказни на телевизија, како секторот за енергетика почнал да се развива, откако таа е поставена за министер, во реалноста се случуваат хаварии, прво пред почетокот на викендот во рудникот Суводол, се случи хаварија на јаловинскиот систем, поради лизгање на погонската станица ОТ до одлагачот, при што нултиот јаловински систем ќе биде надвор од употреба најмалку 2 до 3 недели. И за ова замислете нема никаква информација од страна на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ во ЕСМ и РЕК Битола. 

Дополнително, од брифингот на министерката дознавме дека ЕСМ како најголем производител потфрлил цели 35% од својот план за производство за 2025 година, и дека истиот им бил преамбициозен. Ја прашуваме министерката за енергетика, рударство и минерални суровини која нели е експерт по енергетика, како е можно да се направи преамбизиозен план, а нели претходното раководство оставило хаос? 

Второ, денес пола држава е сведок на “способното“ раководство на ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката, како пола држава остана без струја и се разбира не е виновен никој, туку регионот па дури и цела Европа. 

Граѓаните после една година, очекуваат конкретни одговори на прашањата поврзани со изградбата на новите енергетски проекти, кои ги најавуваа во својата партиска платформа 1198, меѓутоа не добија никаков одговор, туку распад на системот. После една година од министерувањето на Сања Божиновска во ново формираното министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, можеме да заклучиме дека не се случува ама баш ништо а и министерката се однесува како да не е од тука. До кога министерке ќе се вадите на претходното раководство за вашите неостварени ветувања. 

Да се потсетиме, пред само една недела, по повод блекаутот во Шпанија, министерката во изјава дадена за медиумите, тврдеше дека тоа што ни се случи во Шпанија, не може да ни се случи на нас и веднаш се докажа спротивното, односно се потврди дека министерката не знае што се случува на терен ниту во производството ниту во преносот“, велат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy