Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Мицкоски сака да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните! 
Македонија

СДСМ: Мицкоски сака да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните! 

22/08/2025

AA

Во очи на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски отворено најавува суспендирање на Уставот и волјата на граѓаните, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Неговата изјава за поставување „владини повереници“ претставува директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја. 

Ова не е ништо друго освен дрзок обид за узурпација на власта, суспендирање на законите, изборниот процес и заобиколување на граѓанската волја. 

Како тоа Мицкоски планира да ја суспендира Државната изборна комисија (ДИК) и да ги преземе нејзините законски надлежности? 

ДИК е единствениот надлежен орган за спроведување на изборите, а изборите веќе се распишани и се одвиваат според Изборниот законик. 

Ако Мицкоски сака преку своите „повереници“ да спроведува политики без волјата на граѓаните треба да знае дека тоа нема му го дозволат граѓаните.

Тезата  за „збунувачки“ ливчиња поради независни кандидати е апсурдна. И на минатите локални избори имаше голем број на независни кандидати и листи во општините па не беше никаква пречка. 

Зошто сега му пречи демократската слобода на граѓаните да се кандидираат и да го дадат својот глас?

Зад најавите за „неуспешни“ избори јасно е дека се крие паниката поради сериозениот пад на довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија мора да има слободни, фер и демократски избори на кои граѓаните јасно ќе ја изразат својата волја!“ – се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy