Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Мицкоски праша, еве зошто неговата Влада е авторитарна!
Македонија

СДСМ: Мицкоски праша, еве зошто неговата Влада е авторитарна!

11/06/2025

AA

Премиерот Мицкоски денеска праша по кои одлики неогвата влада Филипче ја дефинирал како авторитарна, па еве да одговориме, велат од СДСМ.

„За една година на власт, ВМРО-ДПМНЕ изврши длабока партизација на сите независни институциите. Партиски војници се именуваат како директори, советници и управни одбори, претворајќи ги институциите во продолжена рака на партијата.

Се стави јавното обвинителство и судството под целосна контрола. Во моментов не се води ниеден случај против актуелни функционери, ни за Кочани, ни за сите скандали, како местените тендери во МВР и другите министерства. За судии се бираат сопрузи, баџанаци и братучеди на функционерите од власта.

Мицкоски веќе започнува со закани кон новинарите кога е прашан незгодно прашање. Последниот пример со новинарката на „Ал Џезира“ покажува јасна нетолеранција кон медиумска критика. Дополнитлено, се плаќаат медиуми кои ја пропагираат работата на владата преку компании од Унгарија.

Се етикетира и напаѓа секој кој ќе го дигне гласот против власта, последен пример се синдикатите. Мицкоски се обидува да ги подели, да воспостави свои паралелни организации кои ќе му служат, исто како во времето на Груевски.

По доаѓањето на власт, започнаа реваншистички смени во администрацијата и притисоци врз локални власти каде ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство. Се враќаат пракси на институционален прогон, какви што гледавме во времето на Груевски. Луѓе кои со години чесно работеле се деградираат, навредуваат и маргинализираат.

Дебатата и функционалноста на Собранието е укината. Пратениците се претворени во гласачки машини и секој закон се носи по скратена постапка. Не се прифаќа ниеден амандман на опозицијата дури и кога тие амандманни се сосема логични и во интерес на граѓаните.  Во само неколку месеци, владата предложи серија закони со директни последици по правниот поредок и финансиската стабилност, без јавна расправа. Автократските влади не бараат одобрување, тие само издаваат наредби.

Без никаква дебата се доенсува одлука за задолжување на државата за седум милијарди евра. Авторитарните лидери како Мицкоски сметаат дека државата е нивна своина па имаат право да задолжуваат три поколенија“, се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy