Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра
Македонија

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

19/07/2025

AA

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11 милони евра, во споредба со истиот период во 2024 година. Е ова се резултатите од работењето на „Дрим тимот“ во енергетиката на Мицковски и Божиновска, велат од СДСМ во соопштение.

„Ова е реалноста, а не нивните манипулации, и лажни вести пред своите членови на партиските трибини, за да си ги оправдаат неспособните кадри кои ги поставија.

Ова е директна последица од лошото планирање и менаџирање на најголемата енергетска компанија, која замислете првпат во историјата  во првиот квартал потфрли во својот план за производство за цели 35%, во бројки видовме дека загубата е цели 45 милиони евра. 

Поразително за ВМРО-ДПМНЕ и нивните „успеси“ во ЕСМ, е дека повеќе од 3 месеци немаат назначено директор за правни работи во компанијата. дополнително претседателот на надзорниот одбор си поднесе оставка, комплетно потфрлање во оваа најголема енергетска компанија. 

Доказ се овие 45 милиони евра загуба, и дополнителните 110 милиони евра кредити кои токму ова раководство ги зема за нецела година.

Единствен успех им се лажните видеа и интервјуа на министерката Божино вска и ЕСМ, каде самите се фалат дека многу биле добри, а резултатите ги враќаат во суровата реалност која самите ја создадоа. 

Замислете на своите статуси на социјалните мрежи пишуваат изјави од типот, “Македонија со јасна енергетска визија” а најголем успех на Сања Божиновска се нејзините видеа кои ги објавува на социјалните мрежи, и наместо да ги засука ракавите и да работи во интерес на граѓани во енергетиката, таа си мисли продуцент ќе станува, можеби ќе добие награда на некој филмски фестивал.

Очигледно од досега сработеното е следното, Визијата е да се пропадне ЕСМ најмногу што може. Доказ е поставувањето на директор без ниту ден искуство во енергетскиот сектор, а се што може во државата да им се даде да се гради на приватни странски инвеститори и уште самите да се фалат со ова. Ваква пародија досега не е видена во нашата држава. 

Им порачуваме на актерите кои глумат директори во ЕСМ, дека народот не го интересираат вашите смешни соопштенија, изговори и фалби колку сте биле добри, туку резултатите кои никогаш нема да ги остварите бидејќи сте неспособни“, се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy