Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Кочоска дискриминира ама и живее во паралелен универзум
Македонија

СДСМ: Кочоска дискриминира ама и живее во паралелен универзум

05/03/2025

AA

Во недостиг на економски успеси, Кочоска освен што дискриминира други жени, тргна да се фали со БДП во еден квартал на крајот на минатата година, без да ги каже реалните индикатори за економијата и кризата во која таа и Мицкоски ја донесоа државата. Смешен е податокот за БДП од 3,2% во последниот квартал, кога инфлацијата е 5%, а кај храната од 10 до 15%. Ова значи дека нема никаков раст, туку, реално, граѓаните осиромашуваат, велат од СДСМ во соопштение.

„Со неверојатна леснотија, Кочоска прикажува економски победи, додека 83.000 работници не земале плата за јануари, додека цените постојано растат, а таа не презема ништо, додека платите стагнираат, а таа лично е против нивно покачување. Ова е потценување и исмевање на маката на граѓаните од страна на министерката, која, освен навреди кон пратенички, досега нема сработено буквално ништо во интерес на граѓаните.

Секојдневно компаниите отпуштаат работници, што е најдобар индикатор за тоа во која насока се движи економијата во државата. СДСМ постојано нуди конкретни решенија за подобрување на животот на граѓаните, се бори за стандардот преку понудени мерки и закони, но Владата нема интерес за тоа. Затоа, економијата и животниот стандард тонат и ќе продолжат да тонат додека оваа Влада ја води државата. ВМРО-ДПМНЕ и Кочоска реално немаат интерес да го подобрат стандардот на граѓаните и се фалат со лажни и половични економски индикатори“, се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното

13/11/2026
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
Македонија

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за

13/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница

13/11/2026
Македонија

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ

13/11/2026
Македонија

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ЕВИДЕНТИРА КРИВИЧНО ДЕЛО? СО ТЕФТЕР!“ Тошковски

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46764
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае со денови

13/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата

13/11/2026

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на Алта банка и губење на пари

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ Клековски апелира за данок на

13/11/2026

Бројот на заболени од дијабетес се зголемува, а раната дијагноза на дијабетесот, редовното мерење на шеќерот во крвта, редовното земање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy