Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Филмовите на Мицкоски не плаќаат сметки, реалноста е дека трошоците растат а платите стагнираат!
Македонија

СДСМ: Филмовите на Мицкоски не плаќаат сметки, реалноста е дека трошоците растат а платите стагнираат!

17/08/2025

AA

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека „платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво“ се најголемо потценување и навреда за народот, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

„Мицкоски ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Сака да им каже дека тие не знаат дека во изминати 6 месеци платите „божем“ им пораснале за 66% или 110% за последните десет месеци? 

Вакви фантазии не постојат во македонската економија. Напротив.  Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја живеат суровата реалност: цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат. 

И официјалните податоци целосно го демантираат Мицкоски.

За само четири месеци вредноста на синдикалната потрошувачка кошница во март порасна 3.473 денари. За да се покрие синдикалната кошничка за едно семејство потребни се речиси 2,7 минимални плати. Ниту просечната нето-плата не го следи растот на цените, во истиот период порасна за само 1.033 денари. 

И минималната плата во Македонија е на дното на Европа и на Балканот.

Во БиХ минималната плата веќе е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора 600 и 800 евра.

А владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да се зголеми на 500 евра. Наместо тоа, работниците добиваат трошки, леб и сол. 

Додека за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, луксузни возила, приватни авиони, папаја и манго на државен трошок.

Според најновите податоци, БДП по глава на жител изнесува само 8.751 долар, а според паритетот на куповна моќ – 19.290 долари. 

Тоа е далеку под европскиот просек и доказ за катастрофалната економска состојба.

Тоа е суровата реалност во Македонија со оваа власт.

Додека Мицкоски зборува за „четврта економија во Европа“ и „шеста економија во свет по инвестиции“, реалноста е сосема спротивна. 

Македонија е четврта во Европа, но одзади, на листата на најсиромашни земји.

Филмовите на Мицкоски не ја хранат сиромаштијата, не ја плаќаат потрошувачката кошница и не им носат подобар живот на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy