Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година
Македонија

СДСМ: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

30/11/2025

AA

Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ, денеска на прес конференција го отвори првиот од серијата скандали за криминалот на Владата.

„Фирмата „Дигитал оне“,  формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро 9 милиони евра, народни пари. 

И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025.

Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно.

Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните.

Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори.

Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра.

Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра?

Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е? 

И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски?

Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага.

Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме.

Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите.

Мицкоски е само негов ученик и извршител.

Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш! За сите!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Силни врнежи и грмежи во повеќе места – УХМР со

21/07/2026
Македонија

ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај

21/07/2026
Македонија

ФОТО Силното невреме го оштети и базенот „Борис Трајковски“: Откорнат

21/07/2026
Македонија

Тошковски: Не сум дома со семејството, туку со гостиварчани –

21/07/2026
Македонија

ФОТО+ВИДЕО Силно невреме во Скопје, летна покрив од зграда во

21/07/2026
Македонија

Клековски: Регистрирани уште 293 нови случаи, мерките почнуваат да даваат

21/07/2026
Македонија

Тошковски: Граѓаните во Гостивар ќе ја користат водата дури кога

21/07/2026
Македонија

Двајца мигранти кривично пријавени за разбојништво кај Гевгелија – нападнат

21/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44528
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Силни врнежи и грмежи во повеќе места – УХМР со информација за движењето на невремето

21/07/2026

Нестабилна временска состојба ја зафати Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според последните информации, невреме проследено со пороен

ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај Ист Гејт

21/07/2026

Големиот 60-метарски јарбол на кој беше истакнато државното знаме на Македонија, лоциран на кружниот тек кај трговскиот центар „Ист Гејт“

ФОТО Силното невреме го оштети и базенот „Борис Трајковски“: Откорнат дел од кровната конструкција

21/07/2026

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика штети и на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Според првичните информации, поради силните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy