Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сатанизиравте нормален човек, ќе му ја земете професијата“: Пораки со поддршка за лекарот Цоневски кој го прегази кучето во Софија
Македонија

„Сатанизиравте нормален човек, ќе му ја земете професијата“: Пораки со поддршка за лекарот Цоневски кој го прегази кучето во Софија

12/11/2025

AA

По силните осуди како и бурните реакции во јавноста, сепак пристигаат и пораки на поддршка за доктор Ненад Цоневски.

Па така, група граѓани преку писмо до медиумите порачаа дека Цоневски е млад и посветен лекар кој својата професија ја извршува со исклучителна хуманост и одговорност.

Тие, трагичниот инцидент со уличното куче во Софија, го оценуваат како несреќен случај што може да му се случи на секој возач.

„Неправедно е ваков несреќен настан да се користи за јавна осуда и навреди кон човек кој целиот свој живот го посветил на помагање на другите,“ се наведува во писмото на групата „Поддршка за д-р Ненад Цоневски“.

Од таму се потсетува дека докторот е меѓу првите кои понудиле помош за време на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани – од транспорт на повредените и информирање на нивните семејства, до донации на крв и финансиски средства за лекување на повредените македонски деца во Бугарија.

„Иако имаше голем придонес, од скромност никогаш не бараше признание. Затоа апелираме до јавноста да се воздржи од навреди и да се потсетиме дека човечноста се покажува токму кога некој ненамерно ќе направи грешка,“ стои во писмото.

Поддршка стига и од бугарски јавни личности кои, како што пишуваат, веруваат дека снимките ја прикажуваат токму вистинската, ненамерна природа на настанот.

Еден од нив е и Иван Русинов кој сподели неколку факти.

„Фактите се следниве:

1. Удирање со многу мала брзина
2. По ударот, тој се симнува, гледа и не тргнува. Мислам, збунет е. Ако сакал да тргне, зошто би слегол да погледне?
3. Влегува во колата, го врти воланот и се обидува да го заобиколи кучето. Т.е. нема цел да го прегази. Инаку ќе одеше право напред.
4. Откако беше ослободено – Докторот се обидува да го заобиколи, но кучето завршува под колата. Но, не под задните гуми, туку меѓу нив – т.е. под задниот мост.

Тоа е, имаме многу јасна случајност и искуство на докторот за да ја минимизира штетата. Нема „намера“ и злоба, нема причина да се сатанизира.

Но бидејќи Ѓаволот е во нашите глави, бараме изговор да ги демонизираме другите.

Тука слушам глупости како носење на ветеринар, давање прва помош итн. Ова е апсолутно несоодветно. 99 отсто од луѓето ќе се однесуваат исто како докторот. Никој нема да троши пари на ветеринари, а камоли да го извалка својот автомобил со улично куче“ се вели во постот на Бугарин кој вели:

Сатанизиравте нормален човек. Ќе му ја земете професијата. Човек студирал за лекар, оценуван од пациенти и колеги и вие – некои сложени измамници, ќе кажете што нема да функционира“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
Македонија

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо

27/07/2026
Македонија

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026
Македонија

Водата во Маврово не е безбедна за пиење

27/07/2026
Македонија

Доктор по стоматологија под истрага – посредувал за положување стручен

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44696
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети над 7 килограми марихуана и

27/07/2026

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и

27/07/2026

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026

Цените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран ги прекинаа нападите, што ја зголеми надежта за смирување на конфликтот.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy