
Санчо бил бесен на Тен Хаг зошто тој си фаворизирал „свој“ фудбалер!
Нови детали за војната помеѓу Џејдон Санчо и Ерик тен Хаг, една од причините за конфликтот бил Антони, кој минатото лето беше купен за 100 милиони евра од Ајакс каде што работеше токму со холандскиот стратег.
Англичанецот смета дека тренерот на Манчестер јунајтед го фаворизира Бразилецот, па и покрај тоа што тој не игра на очекуваното ниво, практично има загарантирано место во тимот.
На Џејдон Санчо му пречело тоа што Антони постојано бил во стартниот состав без разлика колку лошо ќе одигра или колку многу грешки ќе направи. Тој дури го опишал Бразилецот како „златното момче на Тен Хаг“.
