Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САМО ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ КОМПРОМИТИРАТЕ ДОКАЗИ Коцевски за работата на новата Анкетна комсија за трагедиите
Македонија

САМО ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ КОМПРОМИТИРАТЕ ДОКАЗИ Коцевски за работата на новата Анкетна комсија за трагедиите

05/12/2025

AA

Сметам дека во овој момент не е целисходно да се водат две паралелни постапки и пред Анкетната комисија да се расправа за докази или да се даваат искази кои треба да бидат дел од кривична постапка – се вели меѓудругото во одговорот на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски испратен до претседателот на Собранието Африм Гаши, кој побарал републичкиот обвинител да се произнесе дали Анкетната комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Македонија ќе влијае на постапката во обвинителството и судовите.

„Не би можел однапред да претпоставам како членовите и сведоците повикани пред Анкетната комисија планираат да ја излагаат својата аргументација пред Комисијата, меѓутоа доколку притоа бидат изнесувани докази и документи кои се поврзани со кривичните постапки кои се водат, постои опасност тие да се компромитираат“ – пишува Коцевски.

Тој додава дека за причините и одговорноста за непостапувањето или пропустите на институциите се водат постапки.

Во Собранието со 84 гласа „за“, беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која ќе ги опфати сите немили случаи и трагедии во кои изгубија живот 138 лица. Комисијата ќе ги опфати случаите со модуларната клиника во Тетово, автобуските несреќи кај Ласкарци и во Бугарија, како и пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Од парламентарното мнозинство посочуваат дека со ваквата одлука покажуваат дека се први кои сакаат овие случаи да се расчистат и одговорноста – законска или политичка – да ја понесе секој што бил виновен за случувањето на трагедиите.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
Македонија

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови

07/09/2026
Македонија

Случај „Државна лотарија“: Обвинителството најави 231 доказ, одбраната вели: Груби

07/09/2026
Македонија

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45532
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026

На 06.09.2026 во 05:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Затвор Идризово е пријавено дека во установата бил пронајден

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026

На 06.09.2026 околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште,

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство и консензус

07/09/2026

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy