Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САМО ЕДНА БАНКА ПРФАТИЛА ДА СУБВЕНЦИОНИРА ДЕЛ ОД КАМАТАТА ЗА КРЕДИТИТЕ ЗА ФИРМИТЕ ОД ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА: Во недела Мицкоски ќе ги договара деталите
Економија

САМО ЕДНА БАНКА ПРФАТИЛА ДА СУБВЕНЦИОНИРА ДЕЛ ОД КАМАТАТА ЗА КРЕДИТИТЕ ЗА ФИРМИТЕ ОД ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА: Во недела Мицкоски ќе ги договара деталите

12/11/2024

AA

Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. Притоа таа не откри дали станува збор за една од трите најголеми банки во земјата. 

Вечерва во интервју за 360 степени Димитриеска-Кочоска посочи дека на неколкуте состаноци досега банките генерално се изјасниле против ваквата идеја. Сепак, посочи, од една банка, на посебен состанок со премиерот Христијан Мицкоски, се согласиле со иницијативата на владата за покривање на дел од трошоците за кредитите наменети за бизнисот. Најави дека деталите ќе се договорат на следниот состанок со Mакедонската банкарска асоцијација што ќе се одржи во недела, а на кој ќе присуствува и премиерот. 

На прашање зошто досега не успеале да се договорат со банките, таа одговори дека чекале да се префрлат парите.

-Чекавме да се префрлат парите, да легнат на сметки и да видиме како ќе ги префрлиме кон Развојната банка. Притоа, зборувавме дека каматната стапка е 3,25 проценти и таа ќе остане. Целта на владата е каматната стапка да биде таа по која сме го земале кредитот. Тука имавме дискусија, дали банките, на некој начин, ќе учествуваат во субвенционирање на каматната стапка, иако сакам да кажам дека досега од 2011 година па наваму, повлечени се повеќе од 650 милиони евра по различни кредитни линии, за кои каматната стапка ја субвенционирала државата, рече Димитриеска-Кочоска.

На прашањето дали сите пари може да одат преку една банка ако останатите не прифатат, министерката вели дека во тој случај не би имало ништо спорно, но преферираат поголема вклученост на банкарскиот сектор.

Во однос на еднократните провизии и другите услови на банките, Димитиреска-Кочоска посочи дека Владата сака сè да влезе во рамки на каматната стапка од 3,25 проценти.

Министерката кажа дека не знае колку од најавените сто милиони евра за општините ќе се реализираат до крајот на годинава.

Инаку, досега се склучени договори со општините во износ од околу 65-66 милиони евра. Министерката вели дека нема проценка колку од овие пари ќе им бидат префрлени на општините до крајот на годината. Таа образложи дека најпрвин треба да завршат со потпишување на договорите.

-Не можам да знам. Нека завршат со потпишување на договорите, па да видиме. Различно е ако зборуваме за инфраструктура во насока на тоа пат да се направи, многу побрзо е. Ние велевме дека станува збор за проекти што се комплетно готови и со кои, по склучување на договорот, веднаш може да се работи. Е сега вие ако зборувате за одреден пат, многу побрзо ќе оди реализацијата. Но, ако зборуваме за доградба на некое училиште, тогаш би било поинакиу. Е затоа однапред не можам да кажам ништо. Да ги видиме договорите, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа потсети дека има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот. 

– Има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот. И тука треба сите да се согласиме. Но, законот, така велат претходните министри за финансии, подразбира дека кога планираш одредена инвестиција или каков било договор, мора да ги имаш предвидено парите во буџетот. И сега јас се согласувам – смешно е, но они велат мора да ги имате планирано и ние сме ги планирале. Дали ќе се реализираат или не, ќе видиме до крајот на годината. И ова е една од темите што планирам да ја разговарам во периодот што следи, додаде министерката.

На прашање за што ќе се потрошат остатокот од средствата што до крајот на годината нема да им бидат префрлени на општините, Димитриеска-Кочоска потенцираше дека сигурно ќе има прераспределба во рамки на буџетот.

Како што информира министерката, во буџетот за 2025 година за оваа намена се предвидени 250 милиони евра. Таа подвлече дека министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините, туку тоа мора да оди преку некое ресорно министерство.

-Министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините. Мора да оди преку некое ресорно министерство. Ако во овој момент ги прашаме ресорните министри колку на следниот повик ќе учествуваат општините со одредени проекти кај вас? На пример, министерот за транспорт и министерот за образование. Не знаат. Кога не знаат, зошто јас да планирам, односно како од функции на државата да ги спуштам парите и каде да ги носам. Тоа е одговор на претходното прашање дека вие гледате 75 милиони, а ние велиме сто милиони се предвидени. Ние средства обезбедуваме, меѓутоа не можеме да ги спуштиме по министерства се додека не добиеме прецизна пресметка кое министерство и колкава потреба има, рече Димитриеска-Кочоска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата го одби барањето на Филипче за референдум за ЕУ

27/05/2026
Македонија

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026
Македонија

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории

27/05/2026
Македонија

Со тишина и молитва до правда: Најавен 44-тиот „Марш на

27/05/2026
Македонија

МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27/05/2026
Македонија

Со возачка дозвола од „Б“ категорија отсега ќе може да

27/05/2026
Македонија

АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог законот за

27/05/2026
Македонија

Грозданов: Модерното рударство денес е една од најконтролираните индустрии

27/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43491
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата го одби барањето на Филипче за референдум за ЕУ

27/05/2026

Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада, поради што нема

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026

Камион полн со роба се запали попладнево на патот Битола-Прилеп. Според информации од терен, формирани се големи колони и застој

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории граѓани

27/05/2026

Нова финансиска поддршка за социјално загрозените лица Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy