Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“
Економија

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“

23/01/2025

AA

„Дефинитивно инфраструктурата е еден од клучните фактори за развој на државата и на регионите. Таму каде што има добра инфраструктура градовите живеат и работат. За жал, регионот од каде што доаѓам, Пелагонија, каска зад сите региони во Македонија,“ изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска пиварница“ АД Прилеп, во последното издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

Во разговорот Самарџиоски истакна дека недостигот од инфраструктура ги попречува економската активност и привлекувањето нови инвестиции. Според него, оваа област останува слепо црево на нашата држава, што доведува до затворање компании и до недостиг на интерес од странски инвеститори.

„Недостигот од инфраструктура и инвестиции во овој регион доведува до затворање компании и до недостиг на интерес од странски инвеститори. Ако нема инфраструктура, младите ја напуштаат таа област и се селат во поголеми градови“, додаде тој.

Како клучна мерка за подобрување на инфраструктурата Самарџиоски ја нагласи потребата од нови транспортни коридори, како што е патот Велес–Прилеп–Битола–Лерин–Игуменица, со што ќе се растовари Солунското пристаниште и ќе се отворат нови пристапи до пристаништата во Игуменица и во Драч.

Самарџиоски во разговорот со Азески, исто така, ја нагласи важноста на регионалната соработка за економскиот напредок на Македонија, посочувајќи дека мал пазар како нашиот не може да остане конкурентен без поддршката од поголемите соседни пазари.

„Не едни да бидат доминантни, а други да бидат потчинети. Треба да се создадат услови за вистински партнерски односи, кои ќе помогнат во развојот на нашата економија. Мал пазар како Македонија не може да оди напред без соработка со поголемите пазари,“ изјави Самарџиоски.

Сашко Самарџиоски е назначен за генерален директор на „Прилепска пиварница“ АД Прилеп во 2007 година, а неговото лидерство се карактеризира со фокус на корпоративното управување, кое вклучува систематизација на процесите и на процедурите заради подобро управување со компанијата.

„Прилепска пиварница“ минатата година прослави еден век постоење. Во 1979 година станa дел од светското семејство на Pepsi. Инвестициите во високата технологија ја направија „Прилепска пиварница“ една од најмодерните на Балканот. Има добиено голем број награди вклучувајќи и награди за најдобро продадени пијалаци „Пепси“ од глава на жител во земјава.

Линк до целата емисија

https://www.youtube.com/watch?v=jwlr64ZvnOk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
Македонија

22 пожари низ Македонија, 9 се активни

27/08/2026
Македонија

Спор меѓу телевизиите и АВМУ: Дали спортските канали „Арена“ илегално

27/08/2026
Македонија

Пронајдена почината 65-годишна скопјанка, телото предадено на обдукција

27/08/2026
Македонија

Предупредување од Галичник: Некој намерно внел дрво и материјали во

27/08/2026
Македонија

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45293
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се заканувала на цело семејство

27/08/2026

На 26.08.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од скопско, пријави дека во семејниот дом во скопско, нему

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026

Советот на Општина Зрновци на предлог на градоначалникот Ванчо Митев денеска донесе одлука со која се обезбедува ваучер во вредност

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора нова енергетска рута

27/08/2026

Во свечената сала на Владата денеска беше потпишан Договорот за проектирање и изградба на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy