Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Салиу: Не чувствувам никаква вина за пожарот во дискотеката „Пулс“
Македонија

Салиу: Не чувствувам никаква вина за пожарот во дискотеката „Пулс“

05/06/2025

AA

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен лидер на Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, денеска изјави дека не чувствува апсолутно никаква вина или одговорност во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Во одговор на новинарско прашање за неговата вмешаност и одговорност, Салиу изјави дека има целосна доверба во институциите и правосудниот систем.

– Апсолутно во тој поглед не чувствувам одговорност. Верувам во нашата држава, во системот и во правосудните органи. Сигурен сум дека правилно ќе ги разгледаат сите аргументи и околности поврзани со случајот. Јас сум правник по професија, доктор по политички и правни науки, и сум работел како адвокат. Со душа и со срце тврдам дека немам никаква вина, изјави Салиу.

Иако е еден од опфатените со истрагата за овој трагичен настан, Салиу нагласи дека се води од принципот на презумпција на невиност.

– Се водам од општата правна иницијатива – додека не се докаже вината, секој е невин, додаде тој.

Истрагата за причините и одговорноста за пожарот сè уште е во тек, а јавноста со внимание ги следи сите изјави и развои поврзани со овој трагичен случај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Математички гениј од Македонија ја освои Германија – две злата

03/05/2026
Македонија

Сообраќајка помеѓу возило и тротинет: Тешко повредено 14-годишн девојче од

03/05/2026
Македонија

Алиша: Бараме место во Уставот – нашите права не смеат

03/05/2026
Македонија

Алиша: Јавниот превоз во Скопје е лавиринт за слепите лица

03/05/2026
Македонија

Суарет Алиша: Скопје е „притвор“ за лицата со попреченост, а

03/05/2026
Македонија

Ѓорѓиевски од „Ноќно студио“: Скратете ги луксузите на функционерите, а

03/05/2026
Македонија

Аларм од личните асистенти: Системот крати часови, семејствата остануваат незгрижени

03/05/2026
Македонија

Филип Ѓорѓиевски за личната асистенција: Помеѓу хуманоста и системското игнорирање

03/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43033
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Математички гениј од Македонија ја освои Германија – две злата за Македон Димитровски

03/05/2026

Младиот математички талент Македон Димитровски постигна извонреден успех на Германската математичка олимпијада, освојувајќи два златни медали и уште еднаш потврдувајќи

Сообраќајка помеѓу возило и тротинет: Тешко повредено 14-годишн девојче од Скопје!

03/05/2026

На 02.05.2026 во 14:55 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, се случила

Алиша: Бараме место во Уставот – нашите права не смеат да зависат од нечија добра

03/05/2026

Во дебатното гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Суарет Алиша од Коалицијата „Менуваме“ ја отвори суштинската дебата за правното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy