Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сакам да работам“: Заштитени устав и ЕУ вредности, 10 илјади семејства може да здивнат!
Македонија

„Сакам да работам“: Заштитени устав и ЕУ вредности, 10 илјади семејства може да здивнат!

13/02/2024

AA

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ смета дека одлуката на Претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за стапување на сила на Законот за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри го заштитува уставот, европските вредности и овозможува десет илјади семејства да здивнат. Одлуката на Претседателот на Републиката е на иста линија со официјалните претставници на Европската Комисија кои во повеќе наврати укажаа дека не премолчуваат и не одобруваат процедурални и деловнички злоупотреби, кои се во спротивност со европските демократски вредности, чија имплементација во нашето општество на сите нивоа е клучна за исполнување на државните стратешки цели за полноправно членство во ЕУ.

После ваков развој на настаните, секој евентуален обид со мнозинство од 61 пратеник повторно да се изгласаат законските измени и Претседателот да биде принуден да го потпише Указот, ќе значи дека законодавниот дом нема слух за оправданите забелешки и работи против ЕУ перспективите. Затоа, апелираме до Техничката Влада да ги повлече овие законски измени. Неопходен е широк консултативен процес со вклучување на сите засегнати страни за да се дојде до законски измени кои ќе нудат решенија за грижите на граѓаните, а не да создаваат хаос во игрите на среќа, со кој младината навистина ќе биде загрозена.

Конечно, сакаме да упатиме една порака и до Движењето „Антикоцкање“ од Тетово. Нема никаква потреба повторно да ширите  невистини и манипулации за оцрнување на секторот игри на среќа и вработените. Едноставно, не можете да објасните зошто не протестирате против онлајн игрите на среќа кои се достапни секаде и на секој мобилен уред кои ги користат младите, а упорно инсистирате на затворање на легалните објекти. Немате право и понатаму да манипулирате со родителите и јавноста. Затворањето на легалните објекти ќе предизвика отворање на диви играчници по подруми, без никаква контрола на државата и така младината навистина ќе биде загрозена. За тоа постојат примери од регионот кои упорно ги игнорирате.

ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА

„САКАМ ДА РАБОТАМ“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42346
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026

Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот и услови за слаб локален дожд во источните и северните делови

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

10/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026

Девет лица се приведени по жестока тепачка што се случила ноќеска на Осломешка крстосница во Кичево, во која биле употребени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy