Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сакам да работам“ до Пендаровски: која ЕУ директива наложува 10 илјади семејства да се жртвуваат за интересите на една владејачка партија?
Македонија

„Сакам да работам“ до Пендаровски: која ЕУ директива наложува 10 илјади семејства да се жртвуваат за интересите на една владејачка партија?

12/02/2024

AA

Земајќи предвид дека поминаа пет дена од кога 55 пратеници на владејачкото мнозинство ги изгласаа противуставните и скандалозни измени на законот за игри на среќа, а Претседателот на Републиката сеуште не се изјаснува дали ќе остане доследен на јавно искажаниот став дека нема да го потпише указот заради злоупотреби на ЕУ знамето, како Здружение на вработени, го истакнуваме следното:

Прво, на целата јавност и е јасно дека воведувањето на дистанца од 500 метри на легалните објекти за игри на среќа од образовни институции нема врска со заштита на младината, туку е мамец за покривање на серија други законски одредби кои треба да ги задоволат бизнис апетитите на една владејачка политичка партија. Односно, да бидеме прецизни, станува збор за две фази. Првата, затворање на легалните објекти за игри на среќа во кои во моментот работат 90 проценти Македонци, за да во втората фаза се отворат повторно некои приредувачи на игри на среќа, но кои ќе бидат за некого етнички подобни.

Второ, апсурдно е да се претставува дека дистанцата ќе ја заштити младината, кога во исто време Државна лотарија преку своите платформи „Мегавин“ и “Тувин” и уште преку три нови компании приредува онлајн игри на среќа, каде секој ќе може да игра од својот мобилен, без разлика каде се наоѓа. Едноставно, дистанца не оди заедно со организирање игри на среќа преку интернет. Со кои аргументи претставниците на „Антикоцкање“ од Тетово, кои делуваат исклучиво како продолжена рака на една владејачка партија, сега ќе ја убедуваат јавноста дека младината е повеќе загрозена од излозите на легалните објекти за игри на среќа отколку од онлајн игрите на среќа?

Трето, законските измени се изготвени со цел актуелниот строго регулиран систем на игри на среќа да биде затворен за да се остварат нечии лични и партиски бизнис интереси. Ова е брутална антидемократска и антиевропска пресметка со најголемиот приватен работодавец. Бројот на луѓе кои работат во секторот на игри на среќа е поголем од бројот на жители во неколку општини вкупно во источна Македонија. Нели политичарите се свесни дека ние можеби сме гласале за нив на избори?

Почитуван Претседателе Пендаровски,

Пред да ја донесете конечната одлука дали ќе го браните Уставот или ќе бидете принудени да постапите како налага една владејачка партија, само поставете си ги следните прашања: Која ЕУ директива предвидува затворање на легалните игри на среќа? Која ЕУ директива предвидува оставање 10 илјади вработени на улица? Која ЕУ директива предизвикува игри на среќа на црно, без лиценци и контрола од Државата? Која ЕУ директива наложува 10 илјади семејства да се жртвуваат за интересите на една владејачка партија?

Ние одговорите ги знаеме, ниту една! Не постои ЕУ директива која може да ги покрие овие противуставни и скандалозни измени на Законот за игри на среќа. Уште еднаш апелираме да не станувате соучесник во едно погубно сценарио кое многу негативно ќе се одрази врз македонската економија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy