Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сакам да работам“ до коалициите Вреди и Европски фронт: Дали заради вашата политичка пресметка треба без егзистенција да останат 10 илјади луѓе?
Македонија

„Сакам да работам“ до коалициите Вреди и Европски фронт: Дали заради вашата политичка пресметка треба без егзистенција да останат 10 илјади луѓе?

18/07/2025

AA

Крајно разочарувачка е секојдневната дебата меѓу Албанските политички фактори кои низ политички кантар ги мерат своите ригорозни предлози против игрите на среќа. Доживеавме, Првиот заменик претседател на Влада, само на една прес конференција во зградата на Владата, пет пати да не нарече „мафија“. Европскиот фронт на чело со ДУИ ги напаѓа ВРЕДИ дека се „кумови на коцката, казината и обложувалниците“, ВРЕДИ објавува дека „почнале да го корнат злото на ДУИ“ и дека отвориле „офанзива против коцкарските картели“. Каде не води оваа безобзирна предизборна реторика? Дали некој е свесен за последиците?

Најмалку 10 илјади вработени во секторот игри на среќа и нивните семејства од пред неколку дена се во ново исчекување. Најмалку 35 илјади луѓе стануваат потенцијални нови кандидати за иселеници во западните земји. На закуподавачите на легалните објекти за игри на среќа им стигна најава дека нивните деловни простории може набрзо да зјаат празни. На банките кои дале кредити на вработените или на организаторите на игри на среќа, им се запали алармот. Да активираат банкарски гаранции, хипотеки, други заложни права.

Ваквата неодговорна политичка пресметка предизвикува економско-социјален земјотрес! Затоа, ние како Здружение на вработени во секторот игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ имаме прашања до политичките коалиции на  ВРЕДИ и Европски Фронт:

Дали знаат дека причината поради која во Албанија беше прекината забраната за игрите на среќа е дека им никнувале играчници на црно и цветала сивата економија? Дали знаат колку играчи од Косово дневно доаѓаат да играат во Македонија? Зошто сакаат да ја вратат Македонија во 1990 година, кога имаше покер апарати на скриени места во кафулињата, игри со ќибритчиња на „Камен Мост“ и диви играчници на секое ќоше без државна контрола? Дали тогаш младината не беше под поголем ризик? Дали можеби причината за ваквото нерационално однесување кон игрите на среќа е затоа што во овој сектор работат доминантно етнички Македонци? Зарем во 21 век треба вакви меѓуетнички дилеми да поставуваме?

Кога се зборува за „офанзиви, војни, пресметки со овој бизнис“ треба да се земе предвид дека станува збор за најголемиот приватен работодавач во државата, економски сектор кој секоја година го полни Буџетот со минимум 280 милиони евра. Меѓу другото, токму од овие буџетски приливи се образуваат, спортски се развиваат, културно се издигнуваат и Македонци и Албанци.

Конечно, сите треба да бидат свесни дека се воведуваат опасни преседани во општеството. Сега во предизборни цели ќе бидеме жртвувани ние, утре ќе заигра „мечката“ во некој друг двор. 

Не постои поголем апсурд да работите во легална економска гранка, а истите државни институции кои ви издаваат лиценци, наплаќаат даноци и други давачки да ве нарекуваат мафија и зло. Не сме против нов закон за игри на среќа кои ќе содржи дополнителни заштитни механизми за грижите на јавноста, но ова што се случува нема никаква врска со одржлива регулатива, туку станува збор за предизборен маркетинг со фатални последици за општеството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy