Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САКААТ ДА НАПРАВАТ ПЛАНИНА ОД ЕДНО РИТЧЕ: Може ли Грција да ги искомплицира евроинтеграциите на Албанија?
Регион

САКААТ ДА НАПРАВАТ ПЛАНИНА ОД ЕДНО РИТЧЕ: Може ли Грција да ги искомплицира евроинтеграциите на Албанија?

22/08/2023

AA

Да не станеме заложници на внатрешната племенска политика, му порача албанскиот премиер Еди Рама на грчкиот колега Кирјакос Мицотакис. 

Рама реагираше во врска со неформалната средба што Мицотакис ја свика со лидерите на Западен Балкан, на која учествуваа и шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која тој не беше поканет.  Албанија беше поканета на ниво на претседател, но претседателот Бајрам Бегај, одби да оди поради „претходно утврдена агенда“.

Рама пишува дека не реагирал порано, затоа што не сакал да ги вознемирува домаќините и гостите „ со дополнување на вревата пред моите добри пријатели собрани во Атина за да си ја завршат работата“.

„Што се однесува до мене, разговорот, комуникацијата, дебатата со пријателите, сојузниците, партнерите и соседите е, пред сè, суштината на меѓународната политика и обидот, секогаш да се трудите, да се ставите на местото на другиот е задолжително. Уште повеќе кога се чини дека работите тргнуваат на лошо“, напиша Рама.

Рама изјави дека следниот октомври Албанија ќе претседава со годинешниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана и обраќајќи му се на Мицотакис додава дека „многу почитуваниот колега во Атина е поканет да учествува и никогаш не можам да замислам да одговорам идентично, поканувајќи го наместо него, грчкиот претседател, кон кого имам најголема почит“.

Додава дека го разбира притисокот од трети страни, желни да ја искористат секоја прилика да направат планина од едно ритче.

Главната причина што Рама не беше поканет во Атина е прашањето „Белери“, кое се однесува на апсењето под сомение за изборна корупција и задржувањето во притвор на градоначалникот на Химара, Фреди Белери, припадник на грчкото малцинство.

Белери е уапсен на 12 мај, два дена пред локланите избори, на кои иако во притвор тој беше реизбран на функцијата градоначалник.

Припадниците на грчкото мацинство организираа протест во Химара со барање за ослободување. 

Министерот за труд и социјала на Грција Адонис Георгиадис се закани во однос на членството на Албанија во ЕУ, но и дека Албанија ќе ги заборави парите од ЕУ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy