САД: Шведска и Финска се подготвени да влезат во НАТО
Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека Финска и Шведска се подготвени да се приклучат на НАТО, откако турскиот претседател Таип Ердоган рече дека Шведска не треба да очекува поддршка од Турција за нејзиното членство по протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм, за време на кои таа беше запалена.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави за новинарите дека палењето книги кои се свети за многумина е чин на длабоко непочитување, додавајќи дека „нешто може да биде легално, но може да биде и многу лошо“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Шведска не може да смета на поддршката на Турција за влез во НАТО, откако екстремно десничарски политичар запали копија од Куранот во Стокхолм.
„Ако не покажете почит кон Република Турција или верските убедувања на муслиманите, тогаш не можете да добиете никаква поддршка од нас за прашањето за НАТО“, рече Ердоган во Анкара. На Шведска и треба одобрение од Турција за да стане членка на НАТО.
Расмус Палудан, антиисламски политичар и активист од Данска во саботата одржа мал протест во главниот град на Шведска и запали Куран во близина на турската амбасада. Ердоган рече дека тоа е „срамота“.