Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САД И КИНА ПОСТИГНАА ДОГОВОР: Ова е одлука за царините
Економија

САД И КИНА ПОСТИГНАА ДОГОВОР: Ова е одлука за царините

12/05/2025

AA

Соединетите Американски Држави и Кина се согласија меѓусебно да ги намалат царинските тарифи за производите што ги увезуваат за 115 проценти, во текот на 90 дена, изјави денес во Женева американскиот министер за финансии Скот Бесант.

Тој договор следеше по преговорите меѓу претставниците на двете земји во текот на изминатиот викенд, пренесува „Гардијан“.

Ова е значајна деескалација во трговската војна што започна минатиот месец, оценува британскиот весник и потсетува дека САД претходно ги зголемија царините за Кина на 145 проценти, а дека Пекинг возврати со царини од 125 проценти за увоз на стоки од САД.

Белата куќа синоќа објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп постигнала трговски договор со Кина за време на разговорите во Женева во неделата и дека во Женева имало „продуктивни дискусии“.

Бесент вчера изјави дека е постигнат значителен напредок во многу важните трговски преговори меѓу САД и Кина.

Минатиот викенд тој беше во Швајцарија на дводневни трговски преговори со Кина на неутрална територија.

Во американската делегација беше и трговскиот претставник Џејмисон Грир, а кинеската делегација ја предводеше вицепремиерот Хе Лифенг.

На овие разговори, двете страни разгледаа како да ја деескалираат трговската војна што се заканува да предизвика голема штета на светската економија.

Трамп, исто така, рече дека е постигнат „голем напредок“ во тековните преговори меѓу САД и Кина за царините.

Бесент на денешниот брифинг со новинарите истакна дека двете страни покажале „голема почит“ за време на преговорите и дека имаат заеднички интерес за урамнотежена трговија. На брифингот учествуваше и  трговскиот претставник на САД Џејмисон Грир.

Прашан за деталите за новите царини меѓу САД и Кина, Грир објасни денеска дека договорот се заснова на реципрочната царина што САД ја воведоа на 2 април, како и на ескалаторските чекори што ги презедоа двете страни потоа.

Тој вели дека кинеската и американската страна завршиле со царини од 125 отсто на меѓусебниот увоз. „Сето тоа сега е намалено за 115 отсто, на 10 проценти за секоја страна“, вели Грир.

Дополнително, САД воведоа царина од 20 отсто поврзана со фентанилот, истакнува Грир (што е причината што вкупната царинска стапка на САД беше145 отсто). Оваа давачка, воведена од Доналд Трамп за да ја поттикне Кина да го намали протокот на фентанил во САД, се третира одвоено.

Така, реципрочната царина на САД за увоз од Кина се намалува на 30 отсто, согласно договорот постигнат во текот на викендот, додека давачката на Кина се намалува на 10 отсто. Сепак, постојат и „секторски специфични“ царини што САД ги наплатуваат за увоз на, на пример, челик и автомобили.

Скот Бесент открива дека „пријатното изненадување за мене од овој викенд“ беше степенот на ангажманот на Кина во врска со кризата со фентанилот во САД.

Грир вели дека САД поминале децении во Светската трговска организација (СТО), водејќи мултилатерални и билатерални преговори, обидувајќи се да ги натераат другите земји да ги намалат своите царини и нецаринските бариери и да се согласат на пореципрочна трговија со САД.
Ветувањето на СТО и мултилатералниот систем беше дека царините на сите ќе се намалат, рече Грир пред новинарите во Женева. 
– Испадна дека САД значително ги намалија своите царини. Имаше и други економии со ниски царини, но тие задржаа многу високи нецарински бариери. Ние напорно се трудевме да работиме во рамките на системот. А крајниот резултат е дефицит од 1,2 трилиони долари во трговијата со стоки, крајниот резултат е дека производството се пресели во Кина, Источна Азија, Мексико, вели тој.

Скот Бесент уште рече дека за време на разговорите имало консензус меѓу делегациите на САД и Кина дека „ниту една страна не сака целосно раздвојување“.
Бесент додава дека САД сакаат поурамнотежена трговија и смета дека двете страни се посветени на постигнување на тоа.

Белата куќа синоќа соопшти дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп постигнала трговски договор со Кина за време на вчерашните разговори во Женева, опишувајќи ги како „продуктивни“. Во американската делегација беше и трговскиот претставник Џејмисон Грир, додека кинеската делегација ја предводеше заменик-премиерот Хе Лифенг.

Бесент вчера изјави дека е постигнат значителен напредак во преговорите, кои имаа за цел да го намалат трговскиот конфликт што може да предизвика сериозна штета на глобалната економија. Претседателот Трамп, исто така, изјави дека се постигнува „голем напредак“ во разговорите за царините меѓу двете земји.

 Вицепремиерот Хе синоќа изјави дека преговорите биле „од големо значење за двете земји, но исто така имаат важен ефект врз стабилноста и развојот на глобалната економија“. Тој истакна дека двете страни постигнале низа важни консензуси и се согласиле да воспостават механизам за економски и трговски консултации. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy