Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САД ГИ НАМАЛУВААТ ЦАРИНИТЕ ЗА КИНЕСКИТЕ ПРАТКИ СО НИСКА ВРЕДНОСТ: Еднократната такса од 100 долари останува
Економија

САД ГИ НАМАЛУВААТ ЦАРИНИТЕ ЗА КИНЕСКИТЕ ПРАТКИ СО НИСКА ВРЕДНОСТ: Еднократната такса од 100 долари останува

13/05/2025

AA

САД ќе ги намалат
царините за кинески стоки со ниска вредност од 120 проценти на 54 проценти
почнувајќи од утре 14. мај, но со фиксна такса од 100 долари што ќе остане на
сила, објави Белата куќа, поништувајќи ја својата претходна извршна наредба.

На почетокот на
мај, американската влада одлучи да го укине бесцаринскиот увоз на пратки со
ниска вредност од Кина и Хонг Конг, отстранувајќи ги исклучоците според
регулативата „de minimis“ што ги користеа платформите за е-трговија како што се
Shein и Temu. Производите во вредност до 800 долари што пристигнуваат по пошта
од Кина од почетокот на мај подлежат на царински давачки од 120 проценти од
вредноста на пакетот или еднократна такса од 100 долари по пакет. Таа такса
требаше да се удвои во јуни.

Но сега Белата
куќа одлучи да ја намали царината на пратките на 54 проценти, а оваа одлука
дојде само неколку часа откако Пекинг и Вашингтон постигнаа договор за
намалување на царините воведени на 2 април. Воведувањето на фиксната такса од
200 долари исто така ќе биде одложено, што значи дека претходно воведената
такса од 100 долари ќе биде задржана.

ЕУ, исто така, планира сличен потег.

Бројот на пратки
што влегуваат во САД без царина се зголеми во последниве години, па повеќе од
90 проценти од сите пакети имаа корист од ослободувањето од плаќање царински
давачки според правилото „de minimis“. Од тоа, околу 60 проценти доаѓаат од
Кина, предводени од онлајн продавници како „Тему“ и „Шеин“.

Правилото „де
минимис“ на САД, кое датира од 1938 година, е предмет на сè поголеми критики и
од демократските и од републиканските пратеници. Некои од нив повикаа на „крај
на дупката во законот“ што им овозможува на евтините кинески производи да ги
преплават САД и да ја поткопаат американската индустрија, а воедно служат и
како покритие за шверц на нелегални стоки како што се дрога и супстанции
потребни за нивно производство.

Инаку, ЕУ планира
да го укине и третманот без царина за пакети нарачани преку интернет, чија
вредност е помала од 150 евра, но дури во 2028 година. Во меѓувреме, Франција е
за воведување такса за пакети со ниска вредност што пристигнуваат во ЕУ преку
е-трговија од 2026 година, со цел да се воспостави поголема контрола врз
кинеските онлајн платформи како што се „Шеин“ и „Тему“, кои испорачуваат евтини
артикли до европските потрошувачи без царина.

фото: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42405
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока криза во општеството и губење

12/04/2026

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар објави велигденско послание до верниците: Возљубени чеда на Христовата Светлина! Денес каменот е оттурнат не само од Гробот Господов,

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од девер

12/04/2026

Два одделни случаи на семејно насилство се пријавени во СВР Велес, при што едно лице е приведено по напад врз

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy