Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РУСКО СЕМЕЈСТВО КОЕ ИЗБЕГА ВО СРБИЈА: Мажот ја убил сопругата и детето, а потоа се обесил
Регион

РУСКО СЕМЕЈСТВО КОЕ ИЗБЕГА ВО СРБИЈА: Мажот ја убил сопругата и детето, а потоа се обесил

06/06/2023

AA

Хирург од Русија е убиецот на сопругата и детето во српскиот град Панчево. 

Руски државјанин (46), неговата сопруга (50) и деветгодишно дете се пронајдени мртви во стан во Панчево, кога полицијата синоќа нешто по полноќ ја скршила вратата од станот и ги пронашла телата. Како што јавува Нова.рс, се работи за лекари, а додека настрадала Олга Г.Б. работела како неонатолог во Русија, нејзиниот сопруг Ашов Г.В. бил хирург.

Мотивот за страшното злосторство не е познат. Полицијата се сомнева дека Ашов прво ги убил сопругата и детето, по што се обесил.

Српските медиуми јавуваат дека семејството избегало од Русија поради стравот од мобилизација. Се претпоставува дека човекот ја убил сопргата за остар предмет, а детето го задавил. Потоа се самоубил.

„Со нив живееше нејзиниот син од првиот брак (18), но беше депортиран пред неколку дена. Тој стан е нивен, го купија пред два месеци. Сите сме во шок“, сведочат соседите.

Вишото јавно обвинителство Панчево излезе со детали.

„Дежурната заменичка јавна обвинителка излезе на лице место за да изврши увид, нареди судско-медицинска обдукција на безживотните тела, анализа на телесни ткива за присуство на наркотични дроги, алкохол и лекови на база на седативи и други потребни докази. за утврдување на сите околности на настанот се собираат“, стои во соопштението.

Убиената Русинка сакала да се вработи во Србија.

„Немаше дозвола за работа во Србија, сакаше да се вработи овде. Неодамна истражуваше како да добие дозвола. Сакаа да започнат нов живот“, раскажува сосетка.

Се смета дека околу 200.000 руски граѓани допатувале во Србија, откако Русија ја почна инвазијата на Украина, со цел да се спасат од мобилизација. 

фото: принтскин Телеграф.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy