Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „РУСКИТЕ ДЕЦА ИСТО ТАКА САКААТ ЧОКОЛАДО“: првиот човек на „Ритер спорт“: „ќе моравме да отпуштиме 200 луѓе“
Економија

„РУСКИТЕ ДЕЦА ИСТО ТАКА САКААТ ЧОКОЛАДО“: првиот човек на „Ритер спорт“: „ќе моравме да отпуштиме 200 луѓе“

31/05/2024

AA

Шефот на германскиот производител на чоколади Ритер Спорт (Ritter Sport), Андреас Ронкен, ја бранеше одлуката на неговата компанија да остане активна на рускиот пазар и покрај тековната инвазија на земјата врз Украина.

– Руските деца исто така сакаат да јадат чоколадо, изјави тој денеска за магазинот „Фокус“, пренесува „Јаху“..

Многу западни компании се повлекоа од рускиот пазар откако рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Ритер Спорт, сепак, продолжи да работи во Русија и покрај повремено остри критики што ги добива на своја сметка. Русија се уште е вториот по големина пазар на компанијата.

Ронкен тврди дека војната нема да се добие со ставање ограничувања на прехранбените производи, вклучително и чоколадото.

– Нашата одлука беше правилна и јас повторно би ја донел, рече извршниот директор.

Тој, исто така, посочи на потенцијалните големи последици за бизнисот доколку ги затвори своите операции во Русија, вклучително и големи отпуштања во седиштето на компанијата во југозападниот германски град Валденбух.

– Да излезевме од таму, ќе моравме да отпуштиме 200 луѓе на локацијата Валденбух, изјави Ронкен.
Ритер Спорт претходно ја оправда одлуката да остане во Русија со наведување на влијанието врз производството, што на крајот би влијаело и на фармите за какао во Западна Африка, Централна и Јужна Америка.

Наместо тоа, компанијата најави дека ќе престане со дополнителни инвестиции на рускиот пазар, нема повеќе да се рекламира таму и оти профитот од Русија ќе го донира на организации за хуманитарна помош.

Фото: Принтскрин/Х

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy