Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РУСКА „ДАДИЛКА“ ХАРА НИЗ БЕЛГРАД И МАМИ СЕМЕЈСТВА – се шири сериозно предупредување: Внимавајте бара работа
Регион

РУСКА „ДАДИЛКА“ ХАРА НИЗ БЕЛГРАД И МАМИ СЕМЕЈСТВА – се шири сериозно предупредување: Внимавајте бара работа

12/02/2023

AA

На социјалните мрежи почна да се шири предупредување до белграѓани од страна на руската стенд ап комичарка Татјана Шкукина, но и други Руси кои се многу загрижени.

Како што тврди младата руска актерка, Светлана Б. од Русија, која наводно веќе е позната како измамник во родната земја, неодамна се преселила во главниот град на Србија, а Татјана меѓу другото наведува дека и таа била жртва на измама.

Како што рекла, Светлана i го ограбила семејството и емотивно ја мамела три години. Актерката тврди дека Богачева сега пристигнала во Белград и се обидува да се вработи како дадилка и апелира граѓаните да не ја пречекуваат во својот дом.

„Значи, дами и господа. Светлана беше пронајдена во Србија. Се обиде да се вработи како дадилка за мали деца во едно семејство. Да ве потсетам, оваа жена ме ограби мене и моето семејство, лажираше рак и емотивно ме мамеше три години“, напиша таа. 

Татјана им порача на своите следбеници да ги предупредат своите пријатели од Србија и да им порачаат да внимаваат.

„Ништо нема да заборавам“, рече таа за Светлана.

Од друга страна, во група на Телеграм која ги собира Русите во Србија, родителите почнале да разменуваат пораки за Светлана и да шират дополнителни предупредувања кои ги потврдуваат наводите на Тања дека споменатата жена бара работа како дадилка.

„Сфатете ја оваа информација многу сериозно! Светлана е во Белград и се обидува да се вработи како дадилка. Постојат сите докази дека тоа е таа. Ја идентификувавме бидејќи веќе посетила најмалку три семејства“, стои во едно предупредување.

Како што понатаму наведуваат, Светлана наводно веќе успеала да измами семејство велејќи дека ја ограбиле за да добие пари за такси.

„Вчера оваа личност се обиде да се вработи кај мене, таа е во Белград. Внимавајте. За среќа, и дадов само 300 динари за автобусот затоа што наводно била ограбена во такси. Таа одби да работи, а мојата интуиција ми кажа дека нешто не е во ред“, се вели во друга порака на Телеграм, каде сите што стапиле во контакт со Светлана апелираат до граѓаните на Белград да бидат внимателни.

На Јутјуб има и цела емисија посветена на Светлана, во која наводно измамени луѓе сведочат за нејзините дела. Меѓу сведоците се појавува и актерката Татјана.

(MONDO/Telegraph)

Фото: Принтскрин Јутјуб Мондо

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy