
РУСИТЕ ИМААТ 19.000 ИМОТИ: Што замрзна Црна Гора?
Стан и дел од подрум е имотот што го замрзнала Црна Гора од воведувањето санкции против Русија.
Во Црна Гора живеат голем број руски државјани. Статистичките податоци покажуваат дека тие поседуваат околу 19.000 недвижности ширум земјата. Црногорските власти минатата година ги измамиле европските функционери дека ги замрзнале имотите на 34 руски државјани кои се на списокот на санкции на Европската Унија. Во април лани, Владата на Црна Гора се приклучи на санкциите на ЕУ, кои вклучуваат замрзнување на имотите на руските граѓани и компании од списокот. Целта е со замрзнатите руски средства да се помогне на Украина.
foto freepik.com

