Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РУСИЈА ЈА СТОПИРАШЕ ИСПОРАКАТА НА ГАС КОН ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА – главна причина за ваков потег се долговите
Економија

РУСИЈА ЈА СТОПИРАШЕ ИСПОРАКАТА НА ГАС КОН ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА – главна причина за ваков потег се долговите

16/11/2024

AA

Русија ќе престане да испорачува гас на Австрија откако на тамошната енергетска компанија ОМВ и беше доделена отштета од над 230 милиони евра во спорот со рускиот енергетски гигант Газпром.

Според локалните медиуми, ОМВ сака да го пребие побарувањето со обврските за плаќање кон снабдувачот со гас. Како одговор, Гаспром сега ги запира испораките. ОМВ купува околу четири до пет терават часови (ТВ/ч) гас од Русија месечно, а сега издвоените 230 милиони евра приближно одговараат на оваа сума.

Сепак, влијанието врз снабдувањето со гас на Австрија е ограничено, како што објасни во четвртокот извршниот директор на ОМВ Алфред Стерн. Компанијата за нафта и гас се подготвуваше за ова сценарио веќе три години.

Die #OMV hat heute bekanntgegeben, dass die Gas-Lieferungen aus #Russland morgen früh eingestellt werden. Damit setzt Russland einmal mehr Energie als Waffe ein. Österreich hat sich lange auf diese Situation vorbereitet. Unsere Energieversorgung ist sicher. (1/5)

— Leonore Gewessler (@lgewessler) November 15, 2024

Енергетскиот регулатор „Е-Контрол“ исто така не очекува недостиг на гас во Австрија. Мерките во Австрија се доволни за да се обезбеди снабдување со гас во следните две зими, изјави членот на одборот на Е-Контрол Алфонс Хабер. Магацините за гас во Австрија и другите земји од ЕУ се полни над 90 проценти.

Министерката за енергетика Леоноре Гевеслер (Зелени) исто така увери дека Австрија се подготвувала за оваа ситуација долго време.

– Нашето снабдување со енергија е безбедно. Дека Русија не е партнер со акциите на руски Газпром денеска уште еднаш се докажува. Но, утрешниот ден означува и крај на една опасност. Ако повеќе не добиваме руски залихи, повеќе нема да бидеме предмет на уцени – додаде министерот.

Но, и без одлуката на арбитражниот суд, соработката што постои од 1968 година ќе заврши на почетокот на следната година – бидејќи на крајот на годината истекува транзитниот договор за испорака на руски природен гас преку гасоводот низ Украина и Словачка. 

Сепак, прекинот на снабдувањето може да доведе до зголемување на цената на бензинот во Австрија. Хабер не сакаше да дава никакви предвидувања за тоа. Мегават час природен гас моментално на берзата чини околу 45 евра. Сепак, не се очекуваат цени од над 300 евра, како во средината на 2022 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои се новите министри во кабинетот на Мицкоски?

13/07/2026
Македонија

Со 69 гласа: Изгласани новите министри во Владата!

13/07/2026
Македонија

Брза реакција во Велес: Изби пожар кај Автобуската станица, оштетени

13/07/2026
Македонија

Јанев од Кочани: Нема да има поштедени за бегството од

13/07/2026
Македонија

Повторно врсничко насилство снимено и објавено на социјалните мрежи: Обвинителството

13/07/2026
Македонија

Голем дефект во Прилеп: Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица

13/07/2026
Македонија

СВР Охрид и полицијата од Поградец со заеднички патроли против

13/07/2026
Македонија

Лина Ѓорческа напредуваше за 14 места на ВТА-листата по успехот

13/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои се новите министри во кабинетот на Мицкоски?

13/07/2026

На својата 112. седница, Собранието со 69 гласа „за“ ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет предводен од премиерот Христијан Мицкоски.

Со 69 гласа: Изгласани новите министри во Владата!

13/07/2026

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите

Брза реакција во Велес: Изби пожар кај Автобуската станица, оштетени шест возила

13/07/2026

Брзата интервенција на велешките пожарникари спречи катастрофа откако денеска попладне избувна пожар на паркингот во близина на Автобуската станица во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy