Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

27/08/2025

AA

По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на
Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна
традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени,
потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната
заедница.

И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија пригоден подарок и
парични награди. Продолжувајќи ја традицијата, оваа година признанието „Најдобар
рудар“ му беше доделено на Дарко Велиновски, кој во оваа прилика доби и посебна
парична награда и пригоден подарок. Покрај најдобриот рудар, раководството на САСА додели парични награди и на вкупно 121 вработен. Од нив, 16 вработени добија
парична награда за придонес кон безбедноста при работа и заштитата на животната
средина, а на 105 вработени им се доделени парични награди за нивниот особен
придонес при остварување на безбедно и стабилно производство.

Како дел од активностите по повод празникот, рудникот САСА, преку својата
Фондација, обезбеди и финансиска поддршка за реализацијата на две приоритетни
потреби на локалната заедница. Имено, на припадниците на територијалната
противпожарна единица од Македонска Каменица им беа донирани комплети заштитна
опрема, целосно усогласени со стандардите за безбедност. Исто така, инвестирани се
и средства за целосна реконструкција на дел од санитарните јазли во детската
градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, со што значително се подобрени условите
за децата кои престојуваат во оваа установа.

„Нашите вработени се срцето на САСА. Нивната посветеност, стручност и безбедно
извршување на работните задачи се клучни за успешното работење на рудникот. Овие
награди, што им ги доделуваме по повод Денот на рударите, се само симболично
признание за нивниот секојдневен труд. Во исто време, силно веруваме дека развојот
на САСА е нераскинливо поврзан со напредокот на заедницата во која работиме, па
затоа и понатаму ќе продолжиме со посветена поддршка за општината и нејзините
граѓани“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Кристофер Колбурн, честитајќи им го Денот на рударите на сите вработени во САСА и на целата домашна рударска индустрија, како и празникот на сите жители на општината Македонска Каменица, посакувајќи им добро здравје и многу успех на сите полиња.

Инаку, традиционално, Рудник САСА и оваа година е главен покровител и партнер на
сите активности што се организираат во локалната заедница, меѓу кои и на
централната тридневна културно-музичка програма што се одржува на градскиот
плоштад, по повод Денот на рударите и празникот на општината Македонска
Каменица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy